Македонски |
525
Приказ на екранот
за ротационен
ласер
Приказ на
екранот за
ласерски
приемник
Проблем
Помош
ERR
Калибрирањето на Y-
оската е неуспешно
−
Калибрирањето на Z-
оската е неуспешно
Откажете го калибрирањето со
, со притискање на
копчето за линискиот режим
(5)
. Проверете го
точното израмнување на уредот и рестартирајте го
калибрирањето.
ERR
Режимот на централна
линија во однос на X-
оската е неуспешен
Притиснете на саканото копче, за да се заврши
функцијата. Проверете ја позицијата на мерниот уред
и ласерскиот приемник пред рестартирањето на
функцијата.
ERR
Режимот на централна
линија во однос на Y-
оската е неуспешен
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред и
далечинскиот управувач.
Не ги потопувајте мерниот уред и далечинскиот
управувач во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
На мерниот уред редовно чистете ги површините околу
излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на
влакненцата.
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само
во куфер
(55)
.
Во случај ако треба да се поправи, пратете го мерниот
уред во куфер
(55)
.
При транспорт на мерниот уред во куфер
(55)
можете да
го прицврстите стативот
(44)
со појасот
(54)
на куферот.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У “РОЈКА”
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните уреди, акумулаторските
батерии/батериите, опремата и амбалажите
треба да се отстранат на еколошки прифатлив
начин.
Не ги фрлајте електричните уреди и батериите
во домашната канта за отпадоци!
Bosch Power Tools
1 609 92A 55C | (05.11.2019)