![Bosch GTC 400 C Professional Скачать руководство пользователя страница 232](http://html.mh-extra.com/html/bosch/gtc-400-c-professional/gtc-400-c-professional_original-instructions-manual_50726232.webp)
232
| Македонски
1 609 92A 3RD | (22.8.17)
Bosch Power Tools
Дефект – Причини и помош
Во случај на дефект уредот ќе се рестартира и потоа може повторно да се користи. Инаку, при постојани пораки за
дефекти, Ви помага долунаведениот преглед.
Објаснување на поимите
Инфрацрвено топлинско зрачење
Инфрацрвеното топлинско зрачење претставува
електромагнетско зрачење коешто се испраќа од секое
тело. Количината на зрачењето зависи од температурата и
степенот на емисија на телото.
Степен на емисија
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот
и структурата на неговата површина. Тој означува колкаво
инфрацрвено топлинско зрачење оддава објектот во
споредба со идеален топлински емитер (црни тела, степен
на емисија
=1).
Топлински мостови
Како топлински мост се означува оној објект кој несакано
спроведува топлина кон надвор или кон внатре и со тоа
значително се разликува останатата одн. саканата
температура на еден ѕид.
Бидејќи температурата на површината на топлинските
мостови е пониска отколку во останатиот простор, на овие
места значително се зголемува опасноста од создавање
на мувла.
Рефлектирана температура / Рефлексивност на еден
објект
Рефлектираната температура се топлотни зрачења,
коишто не излегуваат од самиот уред. Во зависност од
структурата и материјалот околните зрачења се
рефлектираат во објектот што се мери и со тоа го
изменуваат фактичкиот резултат на температурата.
Оддалеченост на објектот
Растојанието меѓу мерниот објект и мерниот уред влијае
врз снимената големина на површината по пиксел. Со
зголемена оддалеченост на објектот, можете да
детектирате повеќе објекти.
Грешка
Причина
Помош
Мерниот уред не може да се вклучи.
Акумулаторот одн.
батериите се празни
Наполнете го акумулаторот одн. заменете ги
батериите.
Акумулаторот е премногу
топол одн. ладен
Оставете го акумулаторот да се темперира одн.
заменете го.
Мерниот уред е премногу
топол одн. ладен
Оставете го мерниот уред да се темперира.
Меморијата на слики е
дефектна
Форматирајте ја внатрешната меморија, така што
ќе ги избришете сите слики (види „Бришење на
сите слики“, страна 231). Доколку проблемот и
понатаму постои, однесете го мерниот уред во
овластена сервисна служба на Bosch.
Меморијата со слики е
полна
По потреба префрлете ги сликите на друг медиум
за зачувување на податоци (на пр. компјутер или
ноутбук). Потоа избришете ги сликите во
внатрешната меморија.
Мерниот уред е дефектен Однесете го мерниот уред во овластена сервисна
служба на Bosch.
Мерниот уред не може да се поврзе со
еден компјутер.
Мерниот уред не е препоз-
наен од компјутерот.
Проверете дали е ажурирана погонската единица
на Вашиот компјутер. Можно е да е потребна нова
верзија на оперативен систем на компјутерот.
Микро-USB-приклучокот
или микро-USB-кабелот се
дефектни
Проверете дали мерниот уред може да се поврзе
со друг компјутер. Доколку не може, однесете го
мерниот уред во овластена сервисна служба на
Bosch.
Оддалечување
(м)
Големи
инфрацрвени
пиксели (мм)
Инфрацрвено
поле ширина х
висина (м)
0,5
3
~0,5 x 0,4
1
6
~1 x 0,75
2
12
2,05 x 1,5
5
30
5,1 x 3,8
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 232 Tuesday, August 22, 2017 6:26 PM