75 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
4.9 вклучување на програмата
Притиснете го копчето за вклучување / паузирање за
да ја вклучите програмата. Ќе засвети светилката за
следење на програмата која посочува на вклучување
на програмата.
Напредок на програмата
Напредокот на тековната програма може да се
следи на индикаторот за следење на програмата со
сијаличките за „во тек“ и „крај/откажи“.
C
ИНФОрМацИИ
Ако машината не го помине чекорот на центрифугирање,
системот за автоматско откривање на нерамномерно
распределени алишта може да се активира заради
неизбалансираната распределба на алиштата во
машината.
4.10 Заклучување на вратата за полнење
Има систем за заклучување на вратата за полнење
на машината што спречува отворање на врата во
случаи кога нивото на водата е несоодветно.
Притиснете го копчето „вклучување/паузирање“ за
да ја паузирате машината ако сакате да ја отворите
вратата додека работи машината. Светилката
за „отворена врата“ ќе започне да трепка кога
машината ќе се префрли во режимот за паузирање.
Машината го проверува нивото на водата внатре.
Ако нивото е соодветно, светилката за “отворена
врата“ ќе свети постојано 1-2 минути и потоа истата
може да се отвори.
Ако нивото не е соодветно, светилката за „отворена
врата“ ќе се исклучи и истата не ќе може да се
отвори. Ако мора да ја отворите вратата додека е
исклучена светилката за „отворена врата“, мора да ја
откажете тековната програма. Видете „Откажување
на програмата“.
префрлување на машината во режим на
пауза
Притиснете го копчето за „вклучување / паузирање“
за да ја префрлите машината во режим за
паузирање додека работи програмата. Сијаличката
„во тек“ ќе започне да трепка на индикаторот
за следење на програмата за да прикаже дека
машината е префрлена во режима за паузирање.
Сијаличката за „отворена врата“ ќе свети постојано
кога истата може да се отвори.
Додавање или вадење алишта
Притиснете го копчето за „вклучување / паузирање“
за да ја префрлите машината во режим на пауза.
Сијаличката „во тек“ трепка кога машината ќе се
префрли во режим за пауза. Почекајте додека
може да се отвори вратата за полнење. Отворете ја
вратата за полнење и додадете или извадете алишта.
Затворете ја вратата за полнење. Притиснете
го копчето за „вклучување / паузирање“ за да ја
вклучите програмата.
C
ИНФОрМацИИ
Вратата може да се отвори кога нивото на водата
е соодветно. Симболот за отворена врата трепка
додека вратата не се подготви и може да се отвори.
Сијаличката на симболот свети постојано кога вратата е
подготвена за отворање. може да ја отворите вратата и
да ставите/извадите алишта.
4.11 Откажување програма
За откажување на програма, свртете го регулаторот
за избор на програмата за избор на друга програма.
Претходната програма ќе се откаже. Светилката за
„крај / откажување“ ќе трепка континуирано за да
извести дека програмата е откажана.
C
ИНФОрМацИИ
Ако вклучите нова програма по откажување на
претходната, оваа нова програма ќе започне со работа
без да ја испушти водата во машината.
Ако секако мора да ја отворите вратата додека е
исклучена сијаличката за „отворена врата“, мора да ја
користите програмата за „центрифуга + пумпа“. Видете
„Центрифуга + пумпа“
повторно центрифугирање на алиштата
Системот за контрола на нерамномерно
распределени алишта ќе го спречи
центрифугирањето на алиштата заради
неизбалансираната распределба на алиштата
во машината. Ако сакате повторно да ја вклучите
центрифугата:
Прераспоредете ги алиштата во машината.
Изберете ја програмата за центрифуга + пумпа и
притиснете го копчето за „вклучување/паузирање“.
4.12 Крај на програмата
Светилката „крај/откажување“ на индикаторот за
следење на програмата ќе засвети штом ќе заврши
програмата. Симболот за „отворена врата“ трепка
1-2 минути додека вратата не се подготви да се
отвори. Вратата може да се отвори кога симболот за
„отворена врата“ ќе свети постојано.
Свртете го регулаторот за избор на програмата
на позиција за „вклучување/исклучување“ за да
ја исклучите машината. Извадете ги алиштата и
затворете ја вратата. Машината е подготвена за
следното вклучување.
4.13 Отворена врата
Симболот за „отворена врата“ засветува кога вратата
е подготвена за отворање. Симболот трепка додека
вратата не се подготви за отворање. Не отворајте ја
насилно вратата ако симболот за „отворена врата“
не свети. Сијаличката на симболот свети постојано
кога вратата е подготвена за отворање.
4.14 Машината е опремена со режим
„Мирување“
Машината автоматски ќе влезе во режим за
мирување за да штеди струја во случај кога нема
да вклучите ниедна програма или чекате без да
извршите ниедна операција кога машината е
вклучена преку копчето за вклучување/исклучување
и ако не направите ништо додека машината е
во чекорот за избор на програма најмалку 2
минути по завршувањето на избраната програма.
Осветленоста на светилките на индикаторите ќе
се намали. Понатаму, ако производот е опремен
со приказ којшто покажува времетраење на
дадена програма, тогаш и овој приказ целосно
ќе се исклучи. Светилките и приказот ќе се вратат
на претходната состојба ако го свртите копчето
за избор на програмата или ако притиснете
некое копче. Направените избори ќе се сменат
ако излегувате од режимот за штедење енергија.
Проверете дали изборот е соодветен пред да ја
вклучите програмата. Прилагодете ако е потребно.
Ова не е дефект.
Содержание WMB 60801 Y+
Страница 17: ...2820523933_BS 180314 1137 ...
Страница 33: ...2820523933_SB 180314 1137 ...
Страница 47: ......
Страница 63: ...2820523933_MK 18 03 14 11 49 Број на документот ...