70 / MK
Машина за перење алишта / Упатство за употреба
Видовите алишта и нивната просечна тежина во
следната табела се дадени како пример.
Вид на алишта за
перење
Тежина (г)
Бањарка
1200
Навлака за јорган
700
Креветски чаршав
500
Навлака за перница
200
Чаршав за маса
250
Крпа
200
Машка кошула
200
3.5 полнење со алишта
Отворете ја вратата за полнење. Ставете ги
алиштата слободно во машината. Притиснете ја
врата за да се затвори. Треба да слушнете звук
на заклучување. Проверете дали некое парче од
облеката се зафатило за вратата.
C
ИНФОрМацИИ
Вратата за полнење е заклучена додека работи
програма. Вратата може да се отвори само по извесно
време откако ќе заврши програмата.
A
прЕДУпрЕДУвањЕ
Во случај на погрешно ставени алишта, се појавуваат
проблеми со бучава и вибрации во машината.
3.6 Користење детергент и омекнувач
Фиока за детергент
Фиоката за детергент се состои од три дела:
– (1) за претперење
– (2) за главно перење
– (3) за омекнувач
– (*) понатаму, има и дел со сифон во одделот за
омекнувачот.
1
2 3
Детергент, омекнувач и други средства за
чистење
• Додајте детергент и омекнувач пред да ја вклучите
програмата за перење.
• Никогаш не отворајте ја фиоката за детергент
додека работи програмата за перење!
• Кога користите програма без претперење, не
ставајте детергент во преградата за претперење
(преграда бр. 1).
• Кога користите програма со претперење,
не ставајте течен детергент во преградата за
претперење (преграда бр. 1).
• Не избирајте програма со претперење ако
користите вреќичка или топка со детергент.
Ставете ги топката или вреќичката со детергент
директно меѓу алиштата во машината.
• Ако користите течен детергент, не заборавајте да
ставите капаче со течен детергент во преградата
за главно перење (преграда бр. 2).
3.7 Избор на вид детергент
Видот детергент што ќе се користи зависи од видот
и бојата на ткаенините.
• Користете различни детергенти за обоени и бели
алишта.
• Перете ги деликатните алишта само со специјални
детергенти (течен детергент, шампон за волна,
итн.) што се користат само за деликатни алишта.
• Се препорачува употреба на течен детергент за
перење темно обоени алишта или прекривки.
• Перете волна со специјални детергенти
изработени специјално за волна.
A
прЕДУпрЕДУвањЕ
Користете само детергенти што се специфично
произведени за автоматски машини за перење.
Не користете сапун во прав.
3.8 прилагодување на количината
детергент
Количината на детергентот за перење што треба
да се употреби зависи од количината на алиштата
за перење, степенот на извалканост и тврдоста на
водата. Прочитајте ги упатствата на производителот
на пакувањето на детергентот внимателно и следете
ги вредностите за дозирање.
• Не користете количини коишто ги надминуваат
количините за дозирање што се препорачани
на пакувањето за да избегнете проблеми со
прекумерна пена, лошо плакнење, а исто така и
заради финансиски заштеди и конечно, заради
заштита на животната средина.
• Користете помалку детергент за мали количини
или малку извалкани алишта.
• Користете концентрирани детергенти во
препорачаната доза.
3.9 Употреба на омекнувачи
Истурете омекнувач во одделот за омекнувач во
фиоката за детергент.
• Користете ги препорачаните дози на пакувањето.
• Не надминувајте го нивото (>max<) што е
означено во преградата за омекнувачот.
• Ако омекнувачот ја загубил течната состојба,
растворете го со вода пред да го ставите во
фиоката за детергент.
Употреба на избелувачи
• Изберете програма со претперење и
додајте агенс за избелување на почетокот на
претперењето. Не ставајте детергент во одделот
за предперење.
• Не користете агенси за избелување и детергент
заедно.
• Употребете само мала количина (околу 50 ml) на
агенс за белење и исплакнете ги алиштата многу
добро бидејќи може да се предизвика иритација
на кожата. Не ставајте избелувач на алиштата и
користете го за обоени алишта.
• Кога користите оксигенски агенси за белење,
следете ги упатствата на пакувањето и изберете
програма што пере на пониска температура.
• Оксигенските агенси за белење може да се
користат заедно со детергент. Сепак, ако
густината не е иста со онаа на детергентот,
Содержание WMB 60801 Y+
Страница 17: ...2820523933_BS 180314 1137 ...
Страница 33: ...2820523933_SB 180314 1137 ...
Страница 47: ......
Страница 63: ...2820523933_MK 18 03 14 11 49 Број на документот ...