220
Превод на оригиналното упатство за употреба
Чување
Пред подолго чување (преку зимата) испразнете го
резервоарот со бензин
Празнете го резервоарот за бензин само на отво-
рено
Пред чување оставете го моторот да се олади
1. Испразнете го резервоарот за гориво.
2. Стартувајте го моторот и оставете го да работи во
празен од сè додека да запре.
3. Оставете го моторот да се олади.
4. Ослободете ја свеќицата за палење со клуч за
свеќици за палење.
5. Ставете една чајна лажичка двотактно масло во
просторот за согорување. За распределување на
маслото во внатрешноста на моторот повлечете ја
сајлата на стартерот бавно повеќепати.
Нагодување на карбураторот
Карбураторот е фабрички оптимално нагоден.
Свеќица за палење
(Слика 9)
Растојание на електродите кај свеќицата за палење =
0,635 mm [0.025“].
1. Навлечете ја свеќицата за палење со вртежен
момент 12-15 Nm.
2. Поставете го грлото од свеќицата за палење врз
самата свеќица.
Наострете го ножот за врвката на конецот
1. Ослободете го ножот за сечење од заштитната
табличка.
2. Прицврстете го ножот за сечење на едно менгеме
и изострете го со рамна турпија.
Вршете го мазнењето само во една насока.
Нагодување на каблите
Каблите на моторната пила се фабрички нагодени.
Доколку позицијата на „Bike-рачката за точак“ значи-
телно се промени, можно е да дојде до продолжување
на кабелот, а со тоа и до пречка во функционирањето
на рачката за гас.
Доколку уредот за сечење на косата по стартување
и откочување на блокадата за половична гас не
постигне состојба на мирување, тогаш кабелот мора
да биде накнадно нагоден со завртката за нагодување
(Слика 10 -
a
) .
Потоа повторно се обезбедува исправно функциони-
рање на рачката за гас.
Внимание!
Опасност од повреда како последица на ротирачки
алати за сечење!
Вршете накнадно нагодување на каблите само при
исклучен мотор
Проверете го функционирањето само додека
косата е положена
Одржување и нега
Исчистете го апаратот по секоја употреба со четка
и сува крпа. Не употребувајте средства за чистење
или вода
Филтер за воздух
Внимание!
Апаратот никогаш да не работи без филтер за воздух.
Редовно чистете го филтерот за воздух. Оштетениот
филтер заменете го.
1. Отстранете ја ѕвездестата завртка, тргнете го
капакот и извадете го филтерот за воздух.
2. Филтерот за воздух исчистете го со сапун и вода.
Не употребувајте бензин!
3. Оставете го филтерот за воздух да се исуши.
4. Монтирајте го филтерот за воздух во спротивен
редослед.
Филтер за гориво
Внимание!
Апаратот никогаш да не работи без филтер за гориво.
Како последица на тоа може да се појават тешки
оштетувања на моторот.
1. Извадете го целосно капачето од резервоарот.
2. Испразнете го останатото гориво во соодветен
сад.
3. Извадете го филтерот од резервоарот со кука од
жица.
4. Извлечете го филтерот со ротирачко движење.
5. Заменете го филтерот.