
4
b)
Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со
помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира
со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
c)
Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии,
ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна
опрема или го складирате електричниот алат
.
Со овие превентивни безбедносни
мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
d)
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте
лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот
.
Електричните алати се опасни во рацете на
необучени корисници.
e)
Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го
порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и
сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на
електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка
пред да го користите.
Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно
одржување на електричните алати.
f)
Острете и чистете ги алатите за сечење.
Соодветно одржуваните ивици на алатите
за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
g)
Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во
согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја
вршите.
Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
h)
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени.
Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
5)
Употреба и чување на батериски алат
a)
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот.
Полнач којшто
е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако
се користи за друг сет на батерии.
b)
Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на
батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од
повреда или пожар.
c)
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални
предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други
помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг
извор.
Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или
пожар
.