Безбедност 1
0020230756_00 0020230738 Упатство за инсталација
149
1
Безбедност
1.1
Напомени за предупредување при
ракување
Класификација на напомените за предуп-
редување поврзани со ракувањето
Напомените за предупредување поврзани
со ракувањето се означени со следните
ознаки и сигнални зборови во поглед на
сериозноста на можната опасност:
Ознаки за предупредување и сигнални
зборови
Опасност!
Непосредна животна опасност
или опасност од тешки повреди
на лица
Опасност!
Опасност по живот поради струен
удар
Предупредување!
Опасност од лесни повреди на
лица
Претпазливо!
Ризик од материјални штети или
штети за околината
1.2
Употреба согласно намената
При несоодветна и непрописна употреба
може да настане опасност по живот или
физички повреди на корисникот или трети
лица, односно да се појават пречки на уре-
дот и материјалните средства.
ФВ електрична грејна прачка е исклучиво
предвидена за да ја зголемува енергет-
ската ефикасност на фотоволтаични сис-
теми. Потоа вклучувањето и исклучува-
њето се извршува само преку енергет-
скиот менаџер.
Енергетскиот менаџер е мерен уред,
којшто произведува електрични мерни
вредности на точката за приклучување и
ги пренесува преку LAN, WLAN или RS485.
Енергетскиот менаџер НЕ е електрично
броило за активната потрошувачка во од-
нос на ЕУ директивата 2004/22/ ЕЗ (MID);
тој смее да се користи само за интерни
пресметковни цели.
Употреба согласно намената претставува:
– почитување на приложените упатства
за користење, упатства за инсталација и
одржување, како и на сите други компо-
ненти на системот
– инсталација и монтажа во согласност со
дозволата на производот и системот
– придржување до правила за контрола и
одржување наведени во упатствата.
М.д. правилната примена ја опфаќа и ин-
сталацијата според IP-класата.
Друга намена, освен онаа која е опишана
во упатствата или не е во согласност со
нив, е забранета. Исто така е забранета и
непосредната комерцијална и индустриска
употреба.
Внимание!
Забранета е секаква злоупотреба на уре-
дот.
1.3
Општи безбедносни напомени
1.3.1 Опасност поради недоволна
квалификација
важност: Не е за Русија
Следните работи смее да ги извршува
само од овластено стручно лице, кој е до-
волно квалификуван за тоа:
важност: Русија
Следните работи смее да ги извршува
само овластено стручно лице од Vaillant,
кој е доволно квалификуван за тоа:
– Монтажа
– Демонтажа
– Инсталација
– Ставање во употреба
– Контрола и одржување
– Поправка
– Вадење надвор од употреба
▶
Внимавајте на сите упатства приложени
со производот.
▶
Постапувајте согласно со актуелната
состојба на техниката.
▶
Придржувајте се до сите релевантни ди-
рективи, норми, закони и други прописи.