28
MK
• Доколку уредот развива невообичаено висока температура, веднаш извлечете го приклучокот од
штекер.
• Не е предвидено уредот да го користат лица (вклучително и деца) со намалени физички, сетилни
и ментални способности или лица без искуство и знаење, освен доколку се под надзор или
доколку добиле упатство за употреба на уредот од лица одговорни за нивната безбедност.
Децата е потребно да се надгледуваат како би се спречило нивното играње со уредот. (Ова
предупредување не се однесува на ЕВРОПСКИОТ пазар)
• Кабелот за напојување мора да ги исполнува барањата на Меѓународната електротехничка
комисија (IEC, International Electrotechnical Commission) и мора да ја издржи јачината на струјата
прикажана во табелата подолу.
• Како би биле сигурни дека Вие и Вашето семејство сте безбедни, веднаш поправете го секој случај
на напојување кој не ги исполнува гореспоменатите барања, а кој се јавува во Вашиот дом.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Никогаш не ја запирајте машината за сушење алишта пред да заврши циклусот на сушење. Во
спротивно, ќе испуштите преголема количина на топлина, што може да доведе до повреди.
Правилно одложување на овој уред
Ознаката укажува дека овој производ во EU не треба да се одложува заедно со друг отпад од
домаќинството. За да спречите потенцијална штета по животната средина и здравјето на луѓето
која настанува со неконтролирано одложување на отпадот, одговорно рециклирајте го производот
како би ја промовирале одржливата повторна употреба на материјалните ресурси. За одложување
на употребените уреди користете ги системите за враќање и собирање на отпад или контактирајте
го малопродажниот објект каде сте го купиле производот. Тие можат Вашиот производ да го
рециклираат на начин безбеден по животната околина.
Опасност од струен удар
• Не извлекувајте го приклучокот од штекер со силно повлекување на приклучниот кабел.
• Приклучокот немојте да го вклучувате/исклучувате од штекер со влажни раце.
• Не го оштетувајте приклучниот кабел и приклучокот.
Опасност од повреди
• Не ја расклопувајте и поставувајте машината за сушење алишта без упатство или надзор.
• Не ја поставувајте машината за сушење алишта врз машина за перење алишта без опрема за
поставување на една врз друга машина. (Доколку сакате да ја поставите врз машина за перење
алишта, најпрво набавете ги потребните делови кои се продаваат засебно. Нивното поставување
треба да го изврши производителот, сервис ангажиран од производителот или лице со слични
квалификации, како би се избегнала опасност).
• Не потпирајте се врз отворената врата на машината за сушење алишта.
• Не ставајте на машината никакви извори на топлина, како свеќи или електрични рингли.
Опасност од оштетувања
• Не сушете поголема количина алишта од номиналната.
• Не ја вклучувајте машината за сушење алишта доколку не се поставени филтерот кој се наоѓа во
вратата и филтерот кој се наоѓа на дното од машината.
• Не сушете алишта кои не се претходно центрифугирани.
• Не ја изложувајте машината за сушење алишта на директни сончеви зраци и употребувајте ја
исклучиво во затворен простор.
• Не ја поставувајте машината за сушење алишта во влажни и водени простории.
• При чистење и одржување, не заборавајте да го извлечете приклучниот кабел од штекер и немојте
машината за сушење да ја миете со вода.
Опасност од експлозии
• Немојте да сушите алишта кои претходно биле во контакт со некаква запалива супстанца, од типот
на керозин или алкохол, или ќе дојде до експлозија
Model
Jačina struje
WT8C60M
16A
Summary of Contents for WT8C60M
Page 2: ......
Page 27: ...27 MK I 8 3...
Page 28: ...28 MK IEC International Electrotechnical Commission EU Model Ja ina struje WT8C60M 16A...
Page 29: ...29 MK Posuda za kondenzat...
Page 30: ...30 MK 30 1 2 3 4 1 2 1 2 3...
Page 31: ...31 MK 0 00 2 1 2 3 4 1 2 3 4 5 6 7 8 9 1 2 3 4 5...
Page 36: ...36 MK 1 2 3 4 5 6 2 1 2 3 4 5 6 7 8 9 3...
Page 37: ...37 MK LED Full Child Lock 9h Child Lock 6h Child Lock 3h LED LED Full On Off...
Page 39: ...39 MK 160 80 1 80 1 80 1 69 dB...
Page 64: ...tesla info...