![Tesla WT8C60M User Manual Download Page 27](http://html1.mh-extra.com/html/tesla/wt8c60m/wt8c60m_user-manual_1091281027.webp)
27
MK
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Како би ја спречиле секоја појава на ризик по својот и животот на други лица или штета по својот или
имотот на други лица, морате да се придржувате до напомените за безбедност.
• Овој производ припаѓа на електричните уреди од Категорија I и може да се користи исклучиво
за сушење алишта во домаќинството испрани со вода. При работењето, водете сметка за
безбедноста при употребата на електрична енергија!
• Мора да се користи извор на напојување со проверено заземјување. Водот за заземјување мора
да биде закопан во земја и никако не смее да биде поврзан на јавните мрежи на инсталација, какви
што се градските водоводни и гасоводни цевки итн. Треба да има јасни ознаки за земја и нула и
двете не смее да се поврзуваат.
• Почитувајте го упатството за максимална тежина на алиштата (погледнете го одделот „
Табела на
програми
“).
• Не користете машина за сушење алишта доколку истите претходно сте ги чистеле со индустриски
хемикалии.
• Алиштата кои не се претходно испрани немојте да ги сушите во машината за сушење алишта.
• Пред сушење во машината, алиштата кои се извалкани од супстанци како што се масло за јадење,
ацетон, алкохол, бензин, керозин, супстанци за отстранување дамки, терпентин, восок и супстанци
за отстранување восок, би требало да се исперат во врела вода со повеќе детергент.
• Предмети од типот на сунѓери (сунѓери од латекс), капи за туширање, водоотпорни материјали,
гумирани предмети и облеки или јастаци кои содржат сунѓерести елементи не би требало да се
сушат во машината.
• Омекнувачите за алишта и слични производи треба да се употребуваат на начин наведен во
упатството на амбалажата.
• Последната фаза од циклусот на сушење алишта се врши без топлина (циклус на ладење) како
високата температура не би ги оштетила алиштата.
• Задржувачот на фини влакна мора често да се чисти.
• Не смее да се дозволи трупање на фини влакна на машината за сушење алишта.
• Неопходно е да се обезбеди соодветна вентилација во просторот како би се избегнало враќање
на гасовите кои ги произведуваат уредите за согорување горива, вклучувајќи ги и оние со отворен
пламен.
• Издувниот воздух не смее да се испушта низ канал кој служи за спроведување на издувни гасови од
уреди за согорување на гас или други видови горива.
• Уредот не смее да се постави зад врата која може да се заклучува, лизгачка врата или врата со
шарки на спротивната страна во однос на машината за сушење алишта, со што се оневозможува
потполното отворање на вратата од машината за сушење алишта.
• Предметите кои биле во контакт со масло можат спонтано да се запалат, особено доколку се
изложени на извори на топлина, како што е тоа случај со машината за сушење алишта.
• Алиштата се загреваат, што кај маслото предизвикува оксидациска реакција. Оксидацијата
создава топлина. Доколку топлината се задржува, алиштата може да постигнат доволно висока
температура за да се запалат. Со групирање, сложување и натрупување на алишта кои биле во
контакт со масло топлината може да се задржи, што создава опасност од пожар.
• Доколку ткаенините кои се извалкани од билно или масло за јадење или од производи за
одржување на коса морате да ги ставите во машината за сушење алишта, најпрво би требало да ги
исперете во врела вода со повеќе детергент, со што опасноста ќе се намали, иако нема потполно
да се елиминира.
• Во текот на вообичаената употреба или одржување, уредот не смее да се превртува.
• Од џебовите извадете ги предметите како што се запалки и ќибрит.
• Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и знаење, доколку се под надзор или доколку добиле
упатство за безбедно користење на уредот и ги сфаќаат опасностите кои произлегуваат од неговата
употреба. Децата не смее да си играат со уредот. Децата не смее да вршат чистење и одржување на
уредот без надзор (Ова предупредување се однесува исклучиво на ЕВРОПСКИОТ пазар).
• Доколку приклучниот кабел е оштетен, неговата замена мора да ја изврши производителот, сервис
ангажиран од производителот или лица со слични квалификации, како би се избегнала опасност.
• Овој уред е наменет исклучиво за употреба во затворен простор.
• Отворите на уредот не смеат да бидат блокирани од тепих.
• Децата помлади од 3 години треба да се држат подалеку од уредот, освен ако се под постојан надзор.
Summary of Contents for WT8C60M
Page 2: ......
Page 27: ...27 MK I 8 3...
Page 28: ...28 MK IEC International Electrotechnical Commission EU Model Ja ina struje WT8C60M 16A...
Page 29: ...29 MK Posuda za kondenzat...
Page 30: ...30 MK 30 1 2 3 4 1 2 1 2 3...
Page 31: ...31 MK 0 00 2 1 2 3 4 1 2 3 4 5 6 7 8 9 1 2 3 4 5...
Page 36: ...36 MK 1 2 3 4 5 6 2 1 2 3 4 5 6 7 8 9 3...
Page 37: ...37 MK LED Full Child Lock 9h Child Lock 6h Child Lock 3h LED LED Full On Off...
Page 39: ...39 MK 160 80 1 80 1 80 1 69 dB...
Page 64: ...tesla info...