38
MK
ОДРЖУВАЊЕ И ГРИЖА ЗА ФРИЖИДЕРОТ
Чистење на целиот уред
Одмрзнување
При одмрзнување и чистење, исклучете го уредот од струја.
• За да го подобрите ефектот на ладење и заштеда на енергија, редовно чистете ја прашината
зад уредот и на подлогата. За да избегнете создавање непријатна миризба, редовно чистете ја
внатрешноста на уредот. За чистење се препорачуваат мека крпа или сунѓер натопени во вода
со некорозивен неутрален детергент. На крајот на постапката, внатрешноста на уредот треба да
се помине со чиста вода и сува крпа. Пред вклучување во струја, отворете ја вратата на уредот,
како природно би се исушил.
• Не употребувајте тврди четки, жици за чистење, жичени четки, абразивни средства како паста
за заби, органски растворувачи (како алкохол, ацетон, масло од банана итн.), зовриена вода,
кисели или алкални средства при чистење на фрижидерот со оглед дека наведените средства
може да ги оштетат површината и внатрешноста на уредот.
• Не плакнете со вода како не би ги оштетиле материјалите кои нудат електрична изолација.
• Исклучете го кабелот за напојување од струја.
• Извадете ја храната од уредот и правилно складирајте ја за да спречите нејзино одмрзнување.
• Исчистете ја одводната цевка (користете меки материјали за да спречите оштетувања на
површинскиот слој). Ова вршете го истовремено со одледување на садот за вода (водете сметка
да го исчистите садот за вода во преградата за компресорот, како би спречиле излевање на
водата на под).
• За да го елиминирате ледот, може да ја искористите собната температура за природно
одмрзнување, а може да користите и лопатка за лед (пластична или дрвена, за да спречите
оштетувања на уредот).
• Исто така, може да употребите и соодветна количина на врела вода за да го забрзате процесот
на одмрзнување, во комбинација со сува крпа со која ќе ја отстраните водата по одмрзнувањето.
• Вратете ја храната во уредот и повторно вклучете го во струја.
Прекин на работењето
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
• Прекин на струја: Доколку дојде до прекин на струјата, дури и во текот на летото храната во
рамки на уредот може да се држи и до неколку часа; во текот на прекин на струјата, треба да
се намали бројот на отворања на вратата и не треба да се става дополнителна свежа храна во
уредот.
• Долго некористење: Уредот треба да се исклучи од струја, а потоа да се исчисти; вратата треба
да се остави отворена како би се спречило создавањето на непријатна миризба.
• Преместување: Пред преместување на фрижидерот, извадете ги сите предмети од неговата
внатрешност, прицврстете ги стаклените полици, садовите за зеленчук, комората за
замрзнување итн. со селотејп и затегнете ги ногарките за нивелирање; вратата затворете ја и
прицврстете ја со селотејп. Во текот на преместувањето, уредот не го поставувајте во превртена
или хоризонтална позиција и не го тресете; степенот на наклон на уредот при преместување не
смее да биде поголем од 45°.
Штом го вклучите, уредот непрекинато ќе работи. Генерално, не го прекинувајте
работењето на уредот; во спротивно, може да дојде до намалување на работниот век на
производот.
Долунаведените едноставни проблеми можете да се обидете да ги решите сами. Доколку не е
можно да ги решите, обратете се до секторот за услуги на одржување.
Summary of Contents for RS2000M
Page 2: ......
Page 30: ...30 HR...
Page 31: ...31 MK EN 8 IEC...
Page 32: ...32 MK...
Page 33: ...33 MK 1 2 3 4 5 6...
Page 34: ...34 MK 30 cm 10 cm a b c L D...
Page 35: ...35 MK 1 2 5 16 3 4 5...
Page 36: ...36 MK LED 2 3 4...
Page 37: ...37 MK LED K MAX MIN OFF MAX MIN...
Page 38: ...38 MK 45...
Page 39: ...39 MK C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1...
Page 58: ...58 SRB...
Page 59: ......
Page 60: ...tesla info...