31
MK
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Предупредување:
ризик од пожар / запаливи материјали
Предупредување:
ПРЕПОРАКИ:
• Овој уред е наменет за употреба во
домаќинства и слични опкружувања од
типот на кујни за персоналот во продавници,
канцеларии и други работни средини;
земјоделски домаќинства и хотели, мотели и
останати објекти од резиденцијален тип, каде
се остава на располагање на клиенти; објекти
кои нудат услуги на ноќевање со појадок;
кетеринг и непродажни намени.
• Децата е потребно да ги надгледувате како би
биле сигурни дека не си играат со уредот.
• Доколку кабелот за напојување е оштетен,
потребно е неговата замена да ја изврши
производителот, негов овластен сервисер
или лица со слични квалификации како би се
избегнале потенцијални опасности.
• Не чувајте експлозивни супстанци од типот на
аеросолни боци со запалив потиснувачки гас
во уредот. Уредот е потребно да го исклучите
од струја по употребата, а пред неговото
корисничко одржување.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ризик од пожар /
запаливи материјали.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Поведете сметка
вентилациските отвори да не бидат блокирани
во рамки на вградениот дел или во вградените
конструкции за уредот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не употребувајте
механички средства или други постапки за
забрзување на процесот на одмрзнување,
доколку не се препорачани од страна на
производителот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не ја оштетувајте
инсталацијата на средството за ладење.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не употребувајте
електрични уреди во рамки на преградите за
чување на храна во овој уред, освен доколку
станува збор за типови кои се препорачани од
страна на производителот.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Фрижидерот одложете
го во согласност со локалните прописи
бидејќи за неговото работење се употребуваат
запаливо средство за ладење и експлозивен
гас.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
При позиционирање на
уредот, уверете се дека кабелот за напојување
не е притиснат или оштетен.
•
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не поставувајте
преносливи продолжни кабли со повеќе
штекери или преносливи акумулатори зад
уредот.
• Не употребувајте продолжни кабли или
незаземјени (со два краци) адаптери.
•
ОПАСНОСТ:
Ризик од затворање на деца во
рамки на уредот. Пред да го отстраните својот
стар уред или замрзнувач:
- Отстранете ја вратата.
- Оставете ги полиците во рамки на уредот
како децата не би можеле лесно да се вовлечат
внатре.
• Пред да се обидете да инсталирате некој
пропратен елемент, фрижидерот морате да го
исклучите од струја.
• Средството за ладење и пенливото средство
циклопентан кои се користат во уредот
се запаливи. Затоа, при одложување на
фрижидерот, држете го подалеку од извори
на пламен и, наместо да го одложите
со согорување, предајте го на некоја
специјализирана компанија со соодветни
квалификации која ќе овозможи негова
повторна употреба, бидејќи на тој начин ќе
спречите штетни ефекти по животната средина
или други опасности.
• За EN стандард: Овој уред можат да го користат
деца на возраст од 8 или повеќе години и лица
со намалени физичко-сензорни или ментални
способности или недостаток од искуство и
знаење, доколку се под надзор или се упатени
во безбедното користење на уредот и ги
сфаќаат опасностите кои ги носи неговата
употреба. Децата не смеат да си играат со
уредот. Децата не смеат да вршат чистење и
корисничко одржување на уредот без надзор.
• За IEC стандард: Овој уред не треба да го
користат лица (вклучувајќи деца) со намалени
физичко-сензорни или ментални способности
или недостаток од искуство и знаење, освен
ако се под надзор или ако за користење на
уредот ги има обучено лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
Summary of Contents for RS2000M
Page 2: ......
Page 30: ...30 HR...
Page 31: ...31 MK EN 8 IEC...
Page 32: ...32 MK...
Page 33: ...33 MK 1 2 3 4 5 6...
Page 34: ...34 MK 30 cm 10 cm a b c L D...
Page 35: ...35 MK 1 2 5 16 3 4 5...
Page 36: ...36 MK LED 2 3 4...
Page 37: ...37 MK LED K MAX MIN OFF MAX MIN...
Page 38: ...38 MK 45...
Page 39: ...39 MK C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1...
Page 58: ...58 SRB...
Page 59: ......
Page 60: ...tesla info...