33
MK
Предупредувања во врска со содржината во уредот
• За да спречите оштетувања на уредот или појава на пожар, во фрижидерот не ставајте запаливи,
експлозивни и испарливи средства, ниту предмети кои кородираат.
• За да избегнете пожар, не ставајте запаливи предмети близу фрижидерот.
• Фрижидерот е наменет за употреба во домаќинствата, како што е чувањето на храна; не смее
да се користи во никакви други цели, како што се складирање на крв, лекови или биолошки
производи итн.
• Не држете пиво, пијалаци или други течности кои се наоѓаат во флаши или затворени садови
во комората за замрзнување на фрижидерот; во спротивно, овие флаши или затворени садови
можат, поради замрзнувањето, да напрснат и да предизвикаат штета.
1. Уредите за ладење можеби нема да работат воедначено (можност за одмрзнување на
содржината или преголем раст на температурите во преградата за замрзната храна) доколку
во подолг временски период се држат на температури пониски од најниските вредности на
температурен опсег за кои се предвидени истите.
2. Газираните пијалаци не треба да се чуваат во преградите или витрините за замрзнување на
храна, ниту во преградите или витрините со ниска температура, а некои производи, како што е
ледот, не треба да се консумираат кога се претерано ладни.
3. Не треба да се надмине периодот за чување во замрзнувачот и во преградите и витрините
за замрзната храна кој е препорачан од производителот за секој тип храна, а особено за
комерцијалната брза храна.
4. Неопходна е примена на мерки на претпазливост за спречување на преголемо загревање на
замрзнатата храна при одмрзнување на уредот, од типот на завиткување на замрзнатата храна
во неколку слоеви хартија.
5. Загревањето на замрзната храна при рачно одмрзнување, одржување или чистење може да го
скрати рокот на траење на храната.
6. Клучевите кои се употребуваат за вратата или поклопките со брави и клучеви, треба да се
држат подалеку од дофат на деца, а не во близина на уредот, како би се спречило заклучување
на децата во уредот.
Предупредувања во врска со потрошувачката на енергија
Предупредувања во врска со одложувањето
Средството за ладење и пенливото средство циклопентан, кои се употребуваат во
фрижидерот, се запаливи. Затоа, при одложување на фрижидерот, држете го подалеку
од извори на пламен и, наместо да го одложите со согорување, предајте го на некоја
специјализирана компанија со соодветни квалификации која ќе овозможи негова повторна
употреба, бидејќи на тој начин ќе ги спречите штетните ефекти по животната средина или
други опасности.
При одложување на уредот, демонтирајте ја вратата и отстранете ги заптивките, како и
полиците; вратата и полиците ставете ги на соодветно место како би спречиле затворање
на децата во уредот.
Правилно одложување на овој производ:
Оваа ознака укажува дека производот не треба да се одложува заедно со
останатиот отпад од домаќинството. Како би спречиле потенцијални штети
по животната средина и здравјето на луѓето настанати со неконтролирано
одложување на отпадот, одговорно рециклирајте го со што би ја промовирале
одржливата повторна употреба на материјалните ресурси. Ве молиме својот
половен уред да го вратите по пат на системот за враќање и собирање на отпад
или да ја контактирате продавницата во која сте го купиле производот. Со тоа,
производот може да се рециклира на начин кој е безбеден по животната средина.
Summary of Contents for RS2000M
Page 2: ......
Page 30: ...30 HR...
Page 31: ...31 MK EN 8 IEC...
Page 32: ...32 MK...
Page 33: ...33 MK 1 2 3 4 5 6...
Page 34: ...34 MK 30 cm 10 cm a b c L D...
Page 35: ...35 MK 1 2 5 16 3 4 5...
Page 36: ...36 MK LED 2 3 4...
Page 37: ...37 MK LED K MAX MIN OFF MAX MIN...
Page 38: ...38 MK 45...
Page 39: ...39 MK C SN 10 do 32 N 16 do 32 ST 16 do 38 T 16 do 43 1...
Page 58: ...58 SRB...
Page 59: ......
Page 60: ...tesla info...