Ножот никогаш не смее да
се поправа туку мора да се замени штом ќе се
забележат зачетоци на оштетување или кога ќе
се достигне дозволениот лимит за острење.
ЗАМЕНА НА КОНЕЦОТ НА МАКАРАТА (сл. 23)
– Следете го редоследот што е посочен на сли-
ката.
ОСТРЕЊЕ НА МАКАЗИТЕ ЗА СЕЧЕЊЕ
НА КОНЕЦОТ (сл. 24)
– Извадете ги маказите за сечење на конецот (1) од
заштитата (2) одвртувајќи ги шрафовите (3).
– Фиксирајте ги маказите за сечење на конецот на
менгеме и почнете да острите со пошош на рамна
турпија обрнувајќи внимание да се одржува аго-
лот на оригиналната закосеност.
– Поставете ги маказите врз заштитата.
ОСТРЕЊЕ НА НОЖОТ ЗА ПИЛА (сл. 25)
Од безбедносни при-
чини, острењето и балансирањето мора да
се изведат во специјализиран центар кој
располага со стручност и соодветни алатки
за извршување на оваа работа без да се ри-
зикува оштетување на сечивото и да се пре-
дизвика небезбедна состојба во текот на
работата.
Ножот за пила не се корис-
ти од обете страни и треба да се користи само
од една страна.
Ножот никогаш не смее да се поправа туку мора да
се замени штом ќе се забележат зачетоци на оште-
тување или кога ќе се достигне дозволениот лимит
за острење.
ВОНРЕДНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
Секоја операција на одржување што не е вклучена
во ова упатство треба да се изведе исклучиво кај ва-
шиот застапник.
Сите операции што се изведени на несоодветен на-
чин и од неквалификувани лица придонесуваат да се
изгуби секоја форма на гаранција.
КОНЗЕРВАЦИЈА
На крајот на секоја работа, исчистете ја машината
детално од прав и остатоци при работа, поправете
ги или заменете ги сите дефектни делови.
Машината треба да се конзервира на суво место, за-
солнето од надворешните временски прилики со
правилно поставена заштита.
ПОДОЛГО НЕКОРИСТЕЊЕ
Ако се предвидува неко-
ристење на машината повеќе од 2-3 месеци, треба
да се применат неколку решенија за да се избегнат
потешкотии при обновување на работата или трајни
оштетувања на моторот.
• Чување
Пред одлагање на машината:
– Испразнете го резервоарот за гориво.
– Вклучете го моторот и одржувајте го во минима-
лен режим на работа се’ додека не се изгасне, за
да го потроши целото гориво што останало во кар-
бураторот.
– Оставете да се излади моторот и извадете ја све-
ќичката.
– Истурете врз отворот на свеќичката една лажичка
некористено масло.
– Повлечете ја неколку пати рачката за палење за
да го дистрибуирате маслото во цилиндерот.
– Поставете ја свеќичката со навртката на најго-
рната можна точка (да е видливо низ отворот за
свеќичката кога навртката е на најгорната пози-
ција).
• Обновување на работата
Во моментот кога машината треба да се стави во
функција:
– Извадете ја свеќичката.
– Повлечете ја неколку пати рачката за палење за
да се елиминира вишок масло.
– Проверете ја свеќичката како што е посочено во
поглавје “Контрола на свеќичката“.
– Поставете ја машината како што е посочено во по-
главје “Подготовка за работа“.
ВАЖНО
14
ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА
MK