![background image](http://html1.mh-extra.com/html/quadro/tr-k105/tr-k105_user-manual_3377781021.webp)
Важни информации
Овој уред не е наменет за професионална и комерцијална употреба
.
Строго придржувајте се кон
упатството за употреба. Непридржувањето кон упаството може да предизвика оштетување на и дефект
на уредот како што се прегревање на греачот или оштетување на површината на грејните плочи.
Оштетувањата предизвикани поради несоодветна употреба или механичките оштетувања не подлежат
под гаранцијата
.
Сендвич тостерот е наменет за тостирање и подгревање сендвичи и слична храна
.
Употреба
•
При првата употреба, задолжително отстранете ги сите делови на амбалажата, одмотајте го и
исправете го струјниот кабел
.
•
Грејните плочи исчистете ги со мека крпа натопена во вода и добро исушете го уредот
.
•
Препорачливо е грејните плочи да ги премачкате со малку маслац или зејтин како би спречиле
загорување и лепење на храна, тост или леб на грејните плочи
.
•
За да започнете со греење на плочите,
вклучете го утикачот во ѕидна утичница.
За побрзо
загревање, спуштете го горниот поклопец во затворена позиција и затворете го со полугата за
затворање на горниор греач (E). На горниот поклопец ќе свети
црвеното
светло (C) (уредот е
приклучен на напојувањето со струја).
•
Пред да започнет
е
со тостирање или подгревање сендвичи, уредот мора да биде загреан.
За употреба на уредот причекајте да се
запали
зеленото
светло (B). Во меѓувреме, можете да ги
подготвите вашите сендвичи.
•
Кога ќе се запали зеленото светло, грејните плочи се доволни загреани и тогаш можете да почнете со
тостирање или подгревање на сендвичите.
•
Ослободете ја полугата за затворање на поклопец - греач
(E)
и отворете го горниот поклопец
(A).
•
Поставете го сендвичот
(
ите
)
на грејната плоча
.
•
Затворете го горниот поклопец - греач и притиснете ја полугата за затворање на поклопецот
(E).
•
Додека уредот работи зеленото светло повремено ќе се вклучува и исклучува. Ова е нормално и
означува дека греачите и термостатот работат
.
•
После тостирањето
(
во зависност од големината на сендвичите
: 2-4
мин
),
задолжително исклучете го
уредот од напојувањето и извадете ги сендвичите од грејните плочи
.
За вадење на сендвичите
користете дрвена или пластична шпахтла
.
Никогаш не користете метални шпахтли, ножеви или
вилици
.
Острите предмети можат да ја оштетат површината на плочите кои се премачкани со
посебен материјал кој спречува лепење на храната на грејните плочи
.
•
Оставете го уредот отворен и причекајте целосно да се излади
.
•
Доколку повторно сакате да подготвувате сендвичи, вклучете го уредот и придржувајте се кон
горенаведените упатства
.
•
Повторно можете да ставите сендвичи откако ќе засвети зелената ознака
.
Повторете ги
горенаведените чекори
.
•
Откако ќе завршите со подготовка на сендвичите, веднаш исклучете го уредот од напојувањето и
оставете го отворен се додека целосно не се излади.
•
ВНИМАНИЕ
:
Површината на грејните плочи
,
а исто така и останатите делови на куќиштето можат да
бидат многу топли. Кога уредот работи избегнувајте да го допирате. Додека се користи уредот мора
да биде поставен во хоризонтална положба.
•
Нека ви биде навика да го исклучите уредот пред да ги извадите сендвичите
.
На тој начин ќе спречите
евентуални несреќи и ке го продолжите векот на траење на вашиот уред
.
Никогаш не оставајте го
уредот да работи без надзор.
Чистење и одржување
•
Пред да започнете со чистење, задолжително исклучете го уредот од струјниот напон
.
•
Со чистење започнете откако уредот ќе се олади. Доколку плочите ги чистите додека се малку топли,
ќе постигнете подобар резултат на чистење
.
•
Куќиштето и грејните плочи чистете ги со мека крпа натопена во вода
.
•
Површините на кои останале запечен тост или храна исчистете ги со мека четка или сунѓер.
•
За чистење никогаш не употребувајте абразивни средства или остри предмети како што се жичени
сунѓери или ножеви
.
•
ВНИМАНИЕ
:
Како би избегнале опасност од напонски удар, никогаш не
чистете го уредот под млаз
вода или други течности.
- 19 -
МАКЕДОНСКИ
Summary of Contents for TR-K105
Page 6: ...4...
Page 12: ...10...
Page 18: ...16...
Page 19: ...17 Quadro...
Page 20: ...18 2002 96 EC WEEE LVD 2006 95 EC 2004 108 EC RoHS 2011 65 EU...
Page 21: ...E C B E A E 2 4 19...
Page 22: ...20 a b c Quadro TR K105 AC 230V 50Hz 750W...
Page 24: ...www quadro electronics com...