114
Доколку продолжите со притиснување на
копчето за намалување на заситеност
, на крај
ќе добиете бела боја.
- Придушување
. Засилете или намалете го
интензитетот на светлината со помош на
копчињата за придушување
.
- Овозможување
автоматско менување на
боите
. Повлечете со прстот околу тркалцето
за боја (еден полн круг) и кратко притиснете
на “I” (“Вклучено”); LivingColors ќе премине
во режим на автоматско менување на боите:
светилката ќе започне автоматски да ги менува
боите.
Можете да ја прилагодите брзината со
која се менуваат боите. Брзината може да
се прилагоди во насока на движењето на
стрелките на часовникот, од побрзо (темно
сина боја на тркалцето за боја) кон побавно
(виолетова боја). Можете да допрете каде
било на тркалцето за боја. Додека сте во
режим на автоматско менување на боите, исто
така можете да ги прилагодите заситеноста и
осветленоста на боите.
За да се вратите во режим на непроменливи
бои, повторно повлечете со прстот околу
тркалцето за боја и потоа притиснете “0”.
Алтернативно, можете да го исклучите
LivingColors на “0” и повторно да го вклучите
на “I”.
- Ако ви се допадне одредено поставување на
светлината (на пример, црвена светлина со
мало придушување), можете да ја
зачувате
оваа
сцена
за лесно повикување: притиснете
и задржете на едно од
копчињата за сцена
, сè
додека далечинскиот управувач не емитува
звучен сигнал. Вашата сцена сега е зачувана
под
копчето за сцена
кое сте го притиснале.
На овој начин исто така можете да зачувате
одредена брзина на режимот за автоматско
менување на боите.
Можете да продолжите со прилагодување
на светилките по ваша желба. Кога ќе сакате
да се вратите на некоја зачувана сцена, само
притиснете го
копчето за сцена
кое сте го
притиснале при зачувувањето. Тоа
копче за
сцена
накратко ќе засвети за да покаже дека
сцената е избрана, и LivingColors ќе ги добие
зачуваните параметри.
Можете да зачувате до
3 сцени
(по една за
секое
копче за сцена
).
Исклучете го LivingColors со кратко
притиснување на “0” (исклучено). LivingColors
ќе го зачува последното поставување
за наредното користење. За повторно
вклучување, притиснете на “I” (вклучено).
3. Поврзување на LivingColors со други
Philips LivingAmbiance производи
Можете да поврзете различни производи од Philips
LivingAmbiance палетата со далечинскиот управувач
од LivingColors. На овој начин, вие ќе можете
да ги прилагодувате сите поврзани производи
истовремено или пак поединечно – со истиот
далечински управувач.
1. Можете да поврзете други
Philips
LivingColors лампи
со вашиот далечински
управувач. Повеќето Philips LivingColors лампи
ќе работат со овој далечински управувач:
проверете дали има SmartLink лого на
LivingColors лампата што би сакале да ја
поврзете. Сите производи со SmartLink лого
можат да се поврзат со вашиот далечинскиот
управувач.
За да додадете Philips LivingColors лампа
кон далечинскиот управувач, приближете го
управувачот до лампата; потоа притиснете и
задржете на копчето “I”. Лампата ќе засвети 3
пати. Задржете го копчето “I” додека не чуете
звучен сигнал од далечинскиот управувач;
лампата кратко ќе засвети со зелена боја.
Таа сега ќе биде поврзана со далечинскиот
управувач и ќе ја добие последната
поставеност кога била вклучена.
За LivingColors лампа, исто така поврзете
ја и белата светилка – тоа можете да го
направите на ист начин како и за LivingWhites
производите опишани во точка 2.
Ако сакате да ја прекинете врската помеѓу
LivingColors лампа и далечински управувач,
приближете го управувачот до лампата,
потоа притиснете и задржете на копчето
“0”. Лампата ќе засвети 3 пати. Задржете го
копчето “0” додека не чуете звучен сигнал од
далечинскиот управувач. Лампата полека ќе се
изгасне.
2. Исто така можете да поврзете
Philips
LivingWhites производи
(светилки за
вметнување, светилки кои штедат енергија
и расветни тела) со вашиот далечински
управувач. За да додадете Philips LivingWhites
производ, приближете го управувачот до него;
потоа притиснете и задржете на копчето
“I”. Лампата ќе засвети 3 пати. Задржете го
копчето “I” додека не чуете звучен сигнал
од далечинскиот управувач; лампата брзо ќе
засвети двапати. Таа сега ќе биде поврзана
со далечинскиот управувач и ќе ја добие
последната поставеност кога била вклучена.
Summary of Contents for LivingColors 6917330PH
Page 1: ...1 LivingColors Generation2 Led Lamp 69173 ...
Page 3: ...3 AAA AAA AAA AAA AAA AAA 1 AAA AAA AAA ...
Page 14: ...14 3 4 8mm 1 2 ...
Page 15: ...15 5 7 6 8 9 10 ...
Page 16: ...16 5sec 60min ON 4sec 2 ...
Page 17: ...17 2 3 1 3 1 3 3 5sec 5sec 5sec 5sec 5sec 10sec 10sec ...
Page 18: ...18 3 3 10sec 2 1 2 1 3 4 1 3 4 ...
Page 137: ...137 ...
Page 138: ...138 ...
Page 139: ...139 ...
Page 140: ...140 4 4 0 4 0 1 8 1 1 3 6 1 Last update 02 12 10 ...