113
Ова упатство ќе ви помогне при…
1. Започнување со употреба
2. Создавање сопствен амбиент со помош на
LivingColors
3. Поврзување на LivingColors со други Philips
LivingAmbiance производи
4. Одговор на често поставуваните прашања
5. Добивање дополнителна поддршка
Важно:
- Производителот ви советува правилна
употреба на светилките! Затоа секогаш
придржувајте се до овие напатствија за да се
постигне правилно и безбедно инсталирање и
функционирање на светилката, и задржете ги
напатствијата за користење во иднина.
- Светилката е погодна единствено за директно
поврзување на електричното напојување.
- Светилката е погодна единствено за
монтирање на ѕид.
- Доколку не сте сигурни, обратете се до
квалификуван електричар или на продажното
место. Внимавајте секогаш да ги инсталирате
светилките во согласност со релевантните
регулативи. Регулативите на одредени земји
пропишуваат дека светилките треба да се
инсталираат од страна на квалификуван
електричар (на пр. дел P за Обединетото
Кралство).
- Секогаш цврсто затегнете ги завртките на
спојните приклучоци.
- Светилката е погодна за монтирање на
нормални запаливи површини.
- Ве молиме монтирајте ја светилката надвор од
дофат на децата.
- Доколку светилката се монтира на метална
површина, таа површина мора да биде споена
на заштитниот заземјен спроводник или на
еквипотенцијалниот заеднички спроводник од
инсталацијата.
- Проверете да не вршите дупчење низ
електричните жици или некои други пречки на
ѕидот или таванот при инсталирањето.
- Доколку светилката се монтира на таванска
или ѕидна кутија, кутијата мора прво да се
покрие со капак. (на пр. Холандија)
- Електричните жици никогаш не смеат да бидат
прицврстувани со спојка или превиткувани
помеѓу светилката и површината за монтирање.
- Секогаш земете ги во предвид сите технички
спецификации на светилката. Проверете ги
информациите од етикетата на светилката и
од ова упатство.
1. На почеток:
- Секогаш изолирајте го напојувањето пред
да започнете со какво било инсталирање,
одржување или поправка.
- Соголете ги жиците како што е покажано на
сликата.
- Доколку на вашиот ѕид има кутија за
поврзување на ѕидни светилки, тогаш
директно поврзете ја ѕидната светилка преку
зашрафување на нејзината плоча на кутијата
на ѕидот
- Доколку на вашиот ѕид нема кутија за
поврзување на ѕидни светилки, тогаш најдете
го местото на кое каблите излегуваат од ѕидот.
Издупчете две дупки на ѕидот, потоа првин
вметнете ги пластичните типли и зашрафете ја
плочата на ѕидот.
- Поврзете го кабелот за заземјување (обично со
жолта боја со црни ленти) на приклучокот за
заземјување (кој се идентификува со иконата
за заземјување) во внатрешноста на основата
на светилката.
- Внимавајте на исправноста на боите на
жиците при инсталацијата: сина (Н) и кафеава
(Ф). Соодветно поврзете ги овие 2 жици, од
електричната мрежа на завршните приклучоци
во внатрешноста на основата на таванската
светилка.
- Ставете ја светилката на плочата која
претходно ја зашрафивте на ѕидот;
прицврстете ја на двете страни преку
зашрафување на завртките.
- Вметнете го делот за поврзување од
триножниот статив во светилката – треба да
слушнете звук на “кликнување”.
- Поставете ја светилката на триножниот статив
и насочете ја LivingColors светилката кон
ѕидот. Можете да ја прилагодите должината
на светилката преку завртување на прстенот
на средината од држачот, повлекување на
горниот дел од држачот до саканата должина,
и потоа завртување на прстенот во обратна
насока заради фиксирање на позицијата. Исто
така, можете да ја повлечете светилката на
едната или другата страна, за да ја најдете
најдобрата позиција.
- Отворете го одделот за батерии на
далечинскиот управувач со повлекување на
копчето на задната страна. Вметнете 3 AAA
батерии (+ и – како што е покажано).
2. Создадете сопствен амбиент со помош
на:
- Допирање на саканата
боја
на тркалцето
за боја. Можете да го движите прстот по
тркалцето за боја за да ја прилагодите бојата.
- Менување на
заситеноста на бојата
(додавање повеќе бела боја кон тековната
боја). Притиснете го
копчето за зголемување
на заситеност
за подлабока боја или
копчето
за намалување на заситеност
за попастелна.
Summary of Contents for LivingColors 6917330PH
Page 1: ...1 LivingColors Generation2 Led Lamp 69173 ...
Page 3: ...3 AAA AAA AAA AAA AAA AAA 1 AAA AAA AAA ...
Page 14: ...14 3 4 8mm 1 2 ...
Page 15: ...15 5 7 6 8 9 10 ...
Page 16: ...16 5sec 60min ON 4sec 2 ...
Page 17: ...17 2 3 1 3 1 3 3 5sec 5sec 5sec 5sec 5sec 10sec 10sec ...
Page 18: ...18 3 3 10sec 2 1 2 1 3 4 1 3 4 ...
Page 137: ...137 ...
Page 138: ...138 ...
Page 139: ...139 ...
Page 140: ...140 4 4 0 4 0 1 8 1 1 3 6 1 Last update 02 12 10 ...