МАКЕДОНСКИ
153
Неделна дезинфекција
ВНИМАНИЕ: Опасност од изгореници. Внимавајте при употреба на врела вода и ракување
со топли делови.
•
Пред дезинфекцијата, погрижете се сите делови да бидат
видливо чисти и без нечистотии.
•
Оставете го делот за уста да врие во вода 10 минути.
Погрижете се капакот на комората да биде отворен и да
има доволно вода во садот така што комплетот за уста
нема да го допира дното или да врие на суво. Протресете
го за да ги отстраните остатоците вода и оставете го
целосно да се исуши пред да го складирате.
Или
•
Дезинфицирајте го делот за уста во Philips Avent електричен стерилизатор на пареа за
бебешки шишиња, или слично, во еден циклус (следете ги упатствата на стерилизаторот).
Оставете го целосно да се исуши пред да го складирате.
Или
•
Рачно мијте го делот за уста во сад со топла вода со сапуница (течен детергент за миење
садови) во рок од 2 минути. Темелно исплакнете го делот за уста под млаз вода од чешма.
•
Потопете го комплетот за уста во средство за дезинфекција од групата на глутералдехиди
(извршено е тестирање со Korsolex Extra, 4% во рок од 15 минути). Темелно исплакнете;
секогаш да се користи во согласност со упатствата на производителот.
•
Бришете го апаратот со чиста влажна крпа еднаш неделно или по потреба. Не користете
други методи на чистење или средства.
Чистење на маската
•
Доколку користите маска и адаптер за маска, еднаш неделно: протресете ги во топла вода
со сапуница околу 2 минути или оставете ги потопени 10 минути, исплакнете ги и оставете
ги да се исушат.
Одржување
Делот за уста може да се чисти (врие/дезинфицира) до 52 пати во тек на 12 месеци.
За оптимално функционирање на InnoSpire Go, комплетот за уста и маската, ако се
користат, треба да се менуваат секои 12 месеци, бидејќи станува збор за потрошни делови.
1128271R02_InnoSpireGo_Euro2_Spreads_IFU_10B_FINAL.indd 153
11/8/17 5:07 PM