150
Како да го користите InnoSpire Go
Откако ќе го отпакувате небулизаторот, проверете дали ги има сите наведени делови
и дали има видливи оштетувања или дефекти. Доколку нешто недостасува или има
оштетување, обратете се кај дистрибутерот или во одделот за корисничка поддршка
на Philips. Пред првата употреба исчистете го делот за устата според упатството за
чистење и целосно наполнете ја батеријата. Погрижете се уредот да биде исклучен од
струја при склопување и расклопување.
Пред употреба, проверете дали небулизаторот и деловите се чисти, суви и неоштетени.
Прикачете го комплетот за уста со апаратот. Не користете посебен адаптер за маска
како дел за уста.
Кренете го зелениот капак од комората за лекот.
Испразнете ја содржината од ампулата со лекот во комората.
• Максималниот капацитет на полнење е 8 ml и тоа е прикажано со зборот MAX на
издадениот дел под шарката.
Не ставајте лек над ова ниво.
Затворете го капакот од комората за лекот.
Доколку користите маска, поврзете го адаптерот за маската со комплетот за устата
и поврзете ја маската со адаптерот за маската.
Доколку користите адаптер за напојување на небулизаторот, поврзете го кабелот со
приклучокот на апаратот и приклучете го адаптерот во приклучокот на ѕидот.
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на апаратот за да го вклучите
небулизаторот и да започне со работа.
10
Проверете го нивото на батеријата.
• Доколку ЛЕД-ламбичката свети СО ПОСТОЈАНА ЗЕЛЕНА БОЈА, батеријата е полна.
• Доколку ЛЕД-ламбичката е СО ПОСТОЈАНА ПОРТОКАЛОВА БОЈА има доволно
енергија за најмалку уште една употреба. По употребата наполнете го небулизаторот.
• Доколку ЛЕД-ламбичката ТРЕПКА ПОРТОКАЛОВО и потоа се исклучи, нема доволно
енергија за употреба.
• Доколку ЛЕД-ламбичката не свети, погледнете го делот за решавање проблеми во
ова упатство.
11
Погрижете се од делот за устата или маската да излегува аеросол.
1128271R02_InnoSpireGo_Euro2_Spreads_IFU_10B_FINAL.indd 150
11/8/17 5:07 PM