251
МАКЕДОНСКИ
Потребен алат за инсталација
1 Крстач
2 Либела
3 Дупчалка, бургија со
нарежувач за отвор
(ø70 mm)
4 Шестоаголен клуч (4 mm)
5 Француски клуч
6 Секач на цевки
7 Израмнувач
8 Нож
9 Детектор за протекување гас
10 Метро
11 Термометар
12 Мегаметар
13 Мултиметар
14 Клуч крцкало
18 N•m (1,8 kgf•m)
55 N•m (5,6 kgf•m)
15 Вакуумска пумпа
16 Разгранет мерач
ПРЕТПАЗЛИВО
R32
РАЗЛАДНО СРЕДСТВО
Оваа ГРЕЈНА ПУМПА „ВОЗДУХ КОН ВОДА“ содржи
и работи со разладно средство R32.
ПРОИЗВОДОВ МОРА ДА СЕ ИНСТАЛИРА ИЛИ СЕРВИСИРА САМО
ОД КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.
Погледнете ги националните, државните, територијалните и локалните
закони, регулативи, кодови, прирачници за инсталација и работа пред
инсталирањето, одржувањето и/или сервисирањето на производов.
Објаснување на симболите прикажани на внатрешната единица или надворешната единица.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Симболов покажува дека опремата
користи запаливо разладно средство.
Ако разладното средство протече,
изложувањето на надворешен извор
на запалување предизвикува ризик
за пожар.
ПРЕТПАЗЛИВО
Симболов покажува дека внимателно
треба да се следи прирачникот за
инсталација.
ПРЕТПАЗЛИВО
Симболов покажува дека сервисниот
персонал треба да ракува со опремава
следејќи го прирачникот за инсталација.
ПРЕТПАЗЛИВО
Симболов покажува дека има
информации вклучени во прирачникот
за работа и/или за инсталација.
Прирачник за инсталација
НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА СО ГРЕЈНА ПУМПА „ВОЗДУХ КОН ВОДА“
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
• Прочитајте ги следните „БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ“ внимателно пред инсталација.
• Електричните работи мора да се извршат од лиценциран електричар. Внимавајте податоците за приклучокот за струја и главното коло да се
совпаѓаат со стие на моделот што треба да се инсталира.
• Мерките на претпазливост што се наведени овде мора да се следат бидејќи се важни и поврзани со безбедноста. Значењата на секоја
од индикациите се наведени долу. Неправилната инсталација поради игнорирање на упатствата ќе предизвика штети или оштетувања и
сериозноста е класифицирана според следниве индикации.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Оваа индикација ја покажува можноста за предизвикување смрт или сериозна повреда.
ПРЕТПАЗЛИВО
Оваа индикација ја покажува можноста за предизвикување повреда или имотно оштетување.
Ставките што треба да се следат се класифицирани според симболите:
Симбол со бела заднина означува дека нешто е ЗАБРАНЕТО.
Симбол со темна заднина означува нешто што мора да се изврши.
• Извршете тест за да потврдите дека нема абнормалности по инсталацијата. Потоа објаснете му на корисникот како функционира, како треба да
се грижи и како треба да врши одржување според упатствата. Потсетете го корисникот да ги чува упатствата за работа за идна употреба.
• Апаратот не е предвиден да се користи од пошироката јавност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете начини за забрзување на процесот на одмрзнување или за чистење освен тие препорачани од производителот. Кој било начин што не
одговара или кој било некомпатибилен материјал може да предизвика оштетување на производот, пукнување на цевките и сериозна повреда.
Не инсталирајте надворешна единица во близина на ограда на тераса. Кога инсталирате надворешна единица на тераса на повеќекатница, дете може
да се качи на надворешната единица и да зачекори преку оградата и да се повреди.
Не користете ненаведен тип на кабел за струја, модифициран кабел за струја или продолжен кабел за напојување. Не користете ист штекер за повеќе
електрични апарати. Слабиот контакт, слабата изолација или прекумерната струја може да предизвикаат струен удар или пожар.
Не врзувајте го кабелот за струја во сноп. Може да се појават абнормални температури на кабелот за струја.
ACXF60-48840-AA
WH-UXZ09KE5*, WH-UXZ12KE5*
https://eu.datanavi.ac.smartcloud.panasonic.com/documents/index.htm?model=WH-UXZ09KE5
QR-код
за веб-
прирачник
Скенирајте го баркодот со дведимензионална
матрица (2D) и прочитајте ги темелно
деталните упатства. Panasonic во никој случај
нема да биде одговорен за каква било несреќа
или оштетување настанато поради неправилна
инсталација која не е опишана во деталните
прирачници. Дефектите предизвикани од
неправилна инсталација исто така не се
покриени од гаранцијата за производот.
Summary of Contents for WH-UXZ09KE5 Series, WH-UXZ12KE5 Series
Page 271: ...Memo ...
Page 272: ...ACXF60 48840 AA Printed in the Czech Republic ...