![Makita UV3600 Original Instruction Manual Download Page 304](http://html.mh-extra.com/html/makita/uv3600/uv3600_original-instruction-manual_228255304.webp)
304
Висина
Употреба
Скарификација
Прекопување
(незадолжителен
прибор)
+5 мм
За транспорт и
складирање.
Скарификација на
чувствителна зелена
површина.
Отстранување тенки
слоеви трева.
Втора операција на
скарификација во
текот на есента.
За транспорт и
складирање.
Прекопување
нормална зелена
површина.
0 мм
Скарификација на
нормална зелена
површина.
Отстранување
нормален слој.
Прекопување цврста,
дебела зелена
површина.
-5 мм
Скарификација на
нормална зелена
површина.
Отстранување дебел
слој.
НЕ користете
за операција на
прекопување.
-10 мм
Скарификација на
цврста, дебела зелена
површина.
Отстранување дебел
слој.
НЕ користете
за операција на
прекопување.
Менување на висината
Турнете го лостот за приспособување на висината
(12) нанадвор и поместете го во саканата позиција.
Заштита од преоптоварување
Оваа машина е опремена со заштита од
преоптоварување и работи според следните услови:
•
Алатот за сечење се затнува бидејќи исечените
материјали се таложат околу него.
•
Машината се обидува да исече повеќе отколку што
моторот поддржува.
•
Нешто го попречува вртењето на алатот за сечење.
Кога оваа заштита ќе проработи, машината автоматски
се исклучува.
Ако ова се случи, исклучете ја машината од струја,
почекајте да се излади и отстранете ја причината за
преоптоварувањето пред повторно да ја вклучите.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Совети за работа:
•
Исечете ја тревата пред да почнете со работа и
наѓубрете ја по работата.
•
Приспособете ја длабочината на алатот за сечење
според висината на тревата и временските услови.
•
Избегнувајте да работите на водена трева. Таа има
тенденција да се лепи на отворот за празнење и на
другите делови на машината. Исто така, може да се
лизнете и да паднете.
•
Не движете се многу брзо. Туркајте ја машината
бавно. Во спротивно, отворот за празнење може да
се затне и моторот да се преоптовари.
•
Работете во права линија колку што е тоа
возможно.
•
Правете скарифицирани линии кои по малку се
преклопуваат една со друга. Со тоа ќе се постигне
рамна и мазна површина.
•
Кога во работната област има леи за цвеќиња,
направете круг или два околу леата.
•
Бидете особено внимателни кога ја вртите
машината.
•
Не останувајте во една позиција. Со тоа ја
уништувате тревата.
Совети за скарификација:
•
Секогаш земајте ги предвид временските услови.
Топлото, сончево и влажно време е добро за
скарификација бидејќи зелената површина може
да се обнови на здрав начин. Од друга страна,
треба да избегнувате скарификација кога е
студено, жешко или суво.
•
Зелената површината се скарифицира во пролет.
•
Доколку летото е влажно, треба да извршите
скарификација во рана есен.
•
Во периоди кога е екстремно жешко, не треба
воопшто да вршите скарификација.
•
Ако летото е многу суво, не треба да вршите
скарификација во есен.
Совети за прекопување:
•
На површината околу корените на тревата и е
потребна голема количина воздух за да може здраво
да расте во текот на пролетта.
•
Се препорачува да се врши аерација на зелената
површина на секои 4 – 6 седмици, во зависност од
нејзината состојба.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Секогаш проверувајте дали
машината е исклучена и
откачена од струја пред
да вршите проверка или
операции за одржување.
•
Носете заштитни ракавици
пред да вршите проверка или
операции за одржување.
•
Сечилото застанува веднаш
по исклучувањето. Почекајте
додека не сопрат сите делови
пред да извршите каква било
операција за одржување.
•
Проверете дали се отстранети
сите алати по вршењето
операции за одржување.
Summary of Contents for UV3600
Page 2: ...2 1 2 5 6 7 8 9 10 11 12 3 4 13 16 15 14 1 ...
Page 3: ...3 2 3 4 ...
Page 359: ...359 ...