![Makita UV3600 Original Instruction Manual Download Page 296](http://html.mh-extra.com/html/makita/uv3600/uv3600_original-instruction-manual_228255296.webp)
296
Не
започнувајте
со
користење на машината пред
да ги прочитате овие упатства
за работа. Почитувајте ги сите
дадени упатства и монтирајте ја
машината како што е опишано.
Намена на машината
•
Оваа машина е наменета
за
скарификација
или
прекопување на градини.
•
Скарификаторот е наменет
само за приватна употреба, а
не за комерцијална употреба.
Не користете го на јавни места.
За јавни системи за
дистрибуција на струја со
низок напон меѓу 220 V и
250 V.
Менувањето на операциите
на
електричниот
апарат
предизвикуваат флуктуации во
напонот. Работењето со овој
уред под неповолни услови на
снабдување со струја може да
предизвика негативни влијанија
врз работењето на другата
опрема. Со импеданца на
струјата еднаква или помала од
0,412 Ohms, се предвидува дека
ќе нема негативни влијанија.
Главниот штекер што се користи за
овој уред мора да биде заштитен
со осигурувач или заштитна
склопка која има карактеристики
на бавно премостување.
Општи упатства
•
Прочитајте го ова упатство за
употреба за да се запознаете
со ракувањето на машината.
Ракувањето со машината од
страна на корисници што не
се доволно информирани, го
зголемува ризикот од пожар,
струен удар или телесна
повреда, или телесни повреди
на други лица.
•
Не давајте ја машината на
заем на лица за кои не знаете
дали имаат доволно искуство.
•
Кога ја давате машината на
заем, секогаш приложувајте
го и ова упатство за употреба.
•
Никогаш не допуштајте деца,
лица со намалени физички,
сетилни
или
ментални
способности, или пак со
недоволно искуство и знаење
или лица коишто не се
запознати со овие упатства
да ја употребуваат машината.
Локалните прописи можно е
да ја ограничуваат возраста
на операторот.
•
Работете само кога сте во
добра
физичка
состојба.
Сите работи извршувајте
ги смирено и внимателно.
Корисникот е одговорен за
целокупната безбедност на
лицата, како и за штетите
околу работната област.
•
Никогаш не користете ја
машината по конзумирање
алкохол или дрога, или ако
се чувствувате изморени или
болни.
Summary of Contents for UV3600
Page 2: ...2 1 2 5 6 7 8 9 10 11 12 3 4 13 16 15 14 1 ...
Page 3: ...3 2 3 4 ...
Page 359: ...359 ...