139
МАКЕДОНСКИ
Сечење со притискање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш
заклучувајте го лизгачкото движење на
носачот при сечење со притискање.
Сечењето
без заклучување може да предизвика можен
повратен удар што може да резултира со тешка
телесна повреда.
Работни материјали до 70 мм височина и 92 мм
широчина може да се сечат на следниов начин.
1.
Притиснете го носачот кон насочниоте
граничници додека не застане и заклучете го со
осигурувачот за стопирање.
2.
Прицврстете го работниот материјал со
соодветниот тип на менгеме.
3.
Вклучете го алатот, така што сечилото на
циркуларната пила нема да допира ништо и почекајте
сечилото да постигне полна брзина пред да го спуштите.
4.
Нежно спуштете ја рачката во целосно
спуштена положба за да го пресечете работниот
материјал.
5.
Откако ќе завршите со сечењето, исклучете
го алатот и
почекајте додека сечилото на
циркуларната пила не запре целосно
пред да го
вратите во неговата целосно подигната положба.
►
Сл.46:
1.
Осигурувач за стопирање
Потезно сечење (туркање)
(сечење широки работни
материјали)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога извршувате
потезно сечење, прво повлечете го носачот
целосно кон вас и притиснете ја рачката
целосно надолу, а потоа, турнете го носачот
кон насочниот граничник. Никогаш не
започнувајте со сечењето ако носачот не е
целосно повлечен кон вас.
Ако го извршувате
потезното сечење без носачот да е целосно
повлечен кон вас, може да настане неочекуван
повратен удар и да резултира со тешка телесна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не
обидувајте се да изведете потезно сечење
со повлекување на носачот кон вас.
Ако го
повлечете носачот кон вас додека сечете, може да
настане неочекуван повратен удар и да резултира
со тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не
изведувајте потезно сечење со рачката
блокирана во спуштена положба.
1.
Отклучете ги осигурувачите за стопирање за да
може носачот слободно да се подига и лизга.
2.
Прицврстете го работниот материјал со
соодветниот тип на менгеме.
3.
Целосно повлечете го носачот кон вас.
4.
Вклучете го алатот, така што сечилото на
циркуларната пила нема да допира ништо и
почекајте сечилото да постигне полна брзина.
5.
Притиснете ја рачката надолу и
туркајте
го носачот кон насочните граничници и низ
работниот материјал.
6.
Откако ќе завршите со сечењето, исклучете
го алатот и
почекајте додека сечилото на
циркуларната пила не запре целосно
пред да го
вратите во неговата целосно подигната положба.
►
Сл.47:
1.
Осигурувач за стопирање за
блокирање на рачката
2.
Осигурувач за
стопирање за блокирање на лизгачот
Сечење спој
Погледнете го делот за нагодување на аголот на
спојот.
Закосено сечење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Откако ќе го
наместите сечилото на циркуларната пила за
закосено сечење, осигурете се дека носачот
и сечилото може слободно да се движат
по своите патеки по целата должина на
наменетото сечење пред да започнете да
работите со алатот.
Прекините во движењето на
носачот или на сечилото на циркуларната пила
за време на сечењето може да резултираат со
повратен удар и тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
При закосено
сечење, држете ги рацете надвор од патеката
на движење на сечилото на циркуларната
пила.
Аголот на сечилото на циркуларната пила
може да создаде забуна кај операторот во однос
на реалната патека на движење на сечилото при
сечењето и да дојде во допир со сечилото што ќе
резултира со тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Сечилото на
циркуларната пила не треба да се подига
додека не запре целосно.
При закосено сечење,
отсечокот од материјалот може да остане до
сечилото на циркуларната пила. Ако сечилото на
циркуларната пила се подигне додека се врти,
отсечокот може да биде отфрлен од сечилото
предизвикувајќи фрагментирање на материјалот
што може да резултира со тешка телесна повреда.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја притискате рачката
надолу, применете притисок паралелно на
сечилото на циркуларната пила.
Ако се примени
сила вертикално на вртливата основа или ако
насоката на притисок се промени при сечењето, ќе
се наруши прецизноста на сечењето.
1.
Отстранете го горниот граничник од страната
на која сакате да го навалите носачот.
2.
Отклучете ги осигурувачите за стопирање за да
може носачот слободно да се подига и лизга.
3.
Нагодете го аголот на закосеност во
согласност со постапката која е објаснета во делот
за нагодување на аголот на закосеност. Потоа
затегнете го бројченикот на држачот.
4.
Прицврстете го работниот материјал со
менгеме.
5.
Целосно повлечете го носачот кон вас.
Summary of Contents for LS002G
Page 2: ...Fig 1 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 11 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 Fig 2 2 ...
Page 4: ...1 2 4 3 Fig 7 2 1 3 Fig 8 1 2 Fig 9 1 2 3 Fig 10 3 1 2 4 Fig 11 1 Fig 12 4 ...
Page 5: ...1 3 2 4 Fig 13 1 2 Fig 14 1 Fig 15 Fig 16 1 2 3 4 5 6 Fig 17 1 2 Fig 18 5 ...
Page 6: ...Fig 19 Fig 20 1 2 3 Fig 21 1 2 3 4 5 6 Fig 22 3 4 1 2 5 Fig 23 6 ...
Page 7: ...1 2 3 4 Fig 24 1 2 3 5 4 Fig 25 1 2 3 Fig 26 1 2 3 Fig 27 1 2 3 Fig 28 7 ...
Page 9: ...1 2 3 4 5 6 Fig 36 1 2 3 Fig 37 1 2 3 Fig 38 1 Fig 39 1 2 Fig 40 1 1 2 2 3 3 4 4 Fig 41 9 ...
Page 10: ...1 2 4 3 5 Fig 42 1 2 3 Fig 43 1 2 Fig 44 1 2 Fig 45 1 Fig 46 1 2 Fig 47 Fig 48 10 ...
Page 11: ...1 2 3 Fig 49 2 3 1 4 Fig 50 1 2 3 4 5 Fig 51 1 Fig 52 Fig 53 Fig 54 Fig 55 1 Fig 56 11 ...
Page 12: ...1 2 3 4 Fig 57 1 2 3 Fig 58 1 Fig 59 1 1 2 2 Fig 60 Fig 61 Fig 62 12 ...
Page 13: ...1 Fig 63 1 2 Fig 64 1 Fig 65 1 Fig 66 1 1 2 2 Fig 67 1 2 3 4 5 Fig 68 13 ...
Page 14: ...1 2 Fig 69 1 2 3 Fig 70 1 2 3 Fig 71 1 Fig 72 1 2 Fig 73 1 2 Fig 74 14 ...