111
МАКЕДОНСКИ
Симболи
Долунаведените ги прикажуваат симболите што
може да се користат кај опремата. Пред употребата,
проверете дали го разбирате нивното значење.
Прочитајте го упатството за користење.
Предупредување: жешка површина.
Ризик од изгореници. Не допирајте пред
да се олади.
Примерок на батеријата што се користи
за овој производ.
Ni-MH
Li-ion
Само за земјите на ЕУ
Поради присуство на опасни компоненти
во опремата, отпадната електрична и
електронска опрема, акумулаторите и
батериите може да влијаат негативно
врз животната средина и човековото
здравје.
Не фрлајте ги електричните и
електронските апарати или батериите во
домашниот отпад!
Во согласност со Европската директива
за фрлање електрична и електронска
опрема, акумулатори, батерии и
отпадни акумулатори и батерии, како
и нивната адаптација во државниот
закон, отпадната електрична опрема,
батериите и акумулаторите треба да
се чуваат одделно и да се достават на
посебно место за собирање општински
отпад, во согласност со прописите за
заштита на животната средина.
Ова е означено со симболот на
пречкртана корпа за отпадоци ставен на
опремата.
Само за земјите на ЕУ
Правилно фрлање во отпад на
производот
Оваа ознака покажува дека овој
производ не треба да се фрла со
други отпадоци од домаќинството во
ЕУ. За да се избегне можната штета
за околината или човечкото здравје
од неконтролираното фрлање отпад,
рециклирајте го одговорно за да
се промовира одржливо повторно
користење на материјалните ресурси.
За враќање на користениот уред,
користете ги системите за враќање
и собирање или контактирајте со
трговецот во малопродажбата каде што
бил купен производот. Тие може да го
земат производот за еколошки безбедно
рециклирање.
Поради присуство на опасни компоненти
во опремата, користената електрична
и електронска опрема може да влијае
негативно врз животната средина и
човековото здравје.
Наменета употреба
Уредот е наменет за вриење вода.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Безбедносни предупредувања за
безжичниот бокал
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ВАЖНО!
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО сите
безбедносни предупредувања и сите упатства
ПРЕД УПОТРЕБА.
Ако не се почитуваат
предупредувањата и упатствата, може да дојде до
струен удар, пожар и/или тешки повреди.
1.
Не користете прибор што не го препорачува
производителот.
Во спротивно, може да се
појави неочекуван проблем.
2.
Не допирајте жешки површина.
Површините
може да станат жешки во текот на употребата.
3.
Не користете го уредот околу експлозивна
атмосфера.
Во спротивно, може да настанат
изгореници или пожар.
4.
Не користете го уредот во близина на
топлински извори (печки и сл.).
5.
Не користете го уредот на влажни или мокри
места, ниту, пак, изложувајте го на дожд.
Во
спротивно, во уредот може да навлезе вода и
како резултат да дојде до струен удар.
6.
Ставете го уредот на рамна, стабилна
површина.
7.
Не покривајте го грлото додека врие.
Пареата не може да се испразни и може да
предизвика дефект или повреда.
8.
Пред чистење на уредот, дозволете му да
се излади.
Во спротивно, може да настане
повреда со изгореници.
9.
Внимавајте да не го спуштите уредот што
содржи вода.
Блокадата за празнење не ја
запечатува водата целосно. Водата може да се
истури дури и ако е активирана блокадата за
празнење.
10.
Поставете го уредот така што ѕидовите или
мебелот нема да се изложат на пареа.
Во
спротивно, како резултат на тоа може да се
предизвикаат промена на бојата, деформации
или пукнатини.
11.
Зовривајте само вода. Не зовривајте ништо
друго освен вода, како на пример млеко,
чај или супа итн.
Во спротивно, содржината
може да истече и да предизвика повреда, или,
пак уредот може да се извалка или може да
настане дефект.
12.
Не ставајте ништо друго освен вода во
бокалот, како на пример шише или, чаша
итн.
Во спротивно, водата може да истече и да
предизвика повреда, или, пак уредот може да
се извалка или може да настане дефект.
13.
Не отворајте го капакот веднаш после
вриењето.
Во спротивно, зовриената вода
може да капе и да предизвика повреди со
изгореници.