114
МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување или
проверка на уредот, секогаш проверувајте
дали е исклучен и касетата за батеријата е
извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте
го уредот пред да го монтирате или да ја
отстраните касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги уредот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите
цврсто уредот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од уредот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
►
Сл.3:
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Касета за
батерија
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне.
Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила.
Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА:
Може да се монтираат најмногу
две касети за батерија, иако уредот користи една
касета за батерија за работа.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
►
Сл.4:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА:
Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на уредот/
батеријата
Уредот и батеријата се опремени со систем за
заштита. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на уредот и на батеријата. Уредот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови.
•
Заштита од преоптоварување: Кога со
уредот или батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно
висока струја, тој автоматски запира без
никаква индикација. Во таква ситуација,
исклучете го уредот и запрете со примената
што предизвикала негово преоптоварување.
Потоа, повторно вклучете го уредот за да се
рестартира.
•
Заштита од прегревање: Кога уредот или
батеријата е прегреан, уредот автоматски
запира. Оставете го уредот да се олади пред
повторно да го вклучите.
•
Заштита од прекумерно празнење: Кога
капацитетот на батеријата ќе падне на ниско
ниво, уредот автоматски запира. Ако уредот
не работи дури ни кога прекинувачите ќе се
вклучат или исклучат, извадете ја касетата за
батерија од уредот и наполнете ја.