37 МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
СПЕЦИФИКАЦИИ
Модел:
HS7611
Дијаметар на сечилото
185 - 190 мм
Макс. длабочина на сечење
на 0°
63 - 65 мм
на косина од 45°
44 - 45 мм
Брзина без оптоварување
5.500 мин.
-1
Вкупна должина
311 мм
Нето тежина
3,9 кг
Класа на безбедност
/II
•
Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на
промена без најава.
•
Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
•
Тежината е во согласност со постапката на EPTA 01/2014
Наменета употреба
Алатот е наменет за извршување надолжни и
накрсни, прави и коси засеци со агли во дрво
додека е во цврст допир со работниот материјал. Со
соодветни оригинални сечила на Makita, исто така
може да се сечат и други материјали.
Напојување
Алатот треба да се поврзува само со напојување со
ист напон како што е назначено на плочката и може
да работи само на еднофазна наизменична струја.
Алатот е двојно изолиран и може да се користи и со
приклучоци што не се заземјени.
За јавни нисконапонски системи
за напојување меѓу 220 V и 250 V
Менувањето на работните постапки на електричните
апарати предизвикува варијации на напонот.
Работењето со овој уред под неповолни напонски
услови може негативно да влијае врз работата
на другите приклучени апарати. При струјна
импенданца во мрежата од 0,33 оми или помала,
може да се претпостави дека нема да се појават
негативни ефекти. Мрежната приклучница за овој
уред треба да е заштитена со осигурувач или
сигурносен прекинувач со заштита при исклучување.
Бучава
Типична А-вредност за ниво на бучавата одредена
во согласност со EN62841:
Ниво на звучниот притисок (L
pA
) : 95 dB (A)
Ниво на јачина на звукот (L
WA
) : 106 dB (A)
Отстапување (K): 3 dB (A)
НАПОМЕНА:
Номиналната вредност(и) за
емисија на бучава е измерена во согласност со
стандардни методи за испитување и може да се
користи за споредување алати.
НАПОМЕНА:
Номиналната вредност(и) за
емисија на бучава може да се користи и како
прелиминарна процена за изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Носете заштита за
ушите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Емисијата на бучава
при фактичкото користење на алатот може
да се разликува од номиналната вредност(и),
зависно од начинот на којшто се користи
алатот, особено од тоа како вид работен
материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа
на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите
кога електричниот алат е исклучен и кога
работи во празен од, не само кога е активен).
Вибрации
Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на
три оски) одредена во согласност со EN62841:
Работен режим: сечење дрво
Ширење вибрации (a
h,W
) : 2,5 м/с
2
или помалку
Отстапување (K): 1,5 м/с
2
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите е измерена во
согласност со стандардни методи за испитување и
може да се користи за споредување алати.
НАПОМЕНА:
Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите може да
се користи и како прелиминарна процена за
изложеност.