38 МАКЕДОНСКИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на
вибрациите при фактичкото користење на
алатот може да се разликува од номиналната
вредност(и), зависно од начинот на којшто
се користи алатот, особено од тоа како вид
работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа
на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите
кога електричниот алат е исклучен и кога
работи во празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во
предупредувањата се мисли на вашиот електричен
алат кој работи на струја (со кабел) или на батерии
(безжично).
Безбедносни предупредувања за
циркуларната пила
Процедури за сечење
1.
ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку
од местото каде што се сече и од сечилото.
Држете ја другата рака на помошната дршка
или на куќиштето на моторот.
Ако пилата се
држи со двете раце, сечилото не може да ги
исече.
2.
Не посегнувајте под работниот материјал.
Заштитникот не може да ве заштити од
сечилото под работниот материјал.
3.
Нагодете ја дебелината на засекот со
дебелината на работниот материјал.
Помалку
од еден цел забец од запците на сечилото
треба да е видлив под работниот материјал.
4.
При сечење, никогаш не држете го работниот
материјал во рацете или преку ногата.
Прицврстете го работниот материјал на
стабилна површина.
Важно е правилно да се
поддржува работниот материјал за сведување
на минимум на изложеноста на телото, лепење
на сечилото или губење контрола.
►
Сл.1
5.
Држете го електричниот алат за изолираните
држачи кога вршите работи каде што алатот
за сечење може да дојде во допир со скриени
жици или со сопствениот кабел.
Ако дојде до
допир со жица под напон, струјата може да се
пренесе до металните делови на алатот и да
предизвика струен удар на операторот.
6.
Кога вршите отсекување, секогаш користете ја
заштитната пречка или водилка со рамен раб.
Со тоа ќе се подобри прецизноста на сечењето и
ќе се намали шансата за лепење на сечилото.
7.
Секогаш користете сечила со правилна
големина и облик (дијамантски наспроти
кружни) на дупчињата за прицврстување.
Сечилата што не се совпаѓаат со монтажниот
хардвер на пилата ќе работат надвор од
центарот, предизвикувајќи губење контрола.
8.
Никогаш не користете оштетени или
неправилни подлошки и завртки за
сечилото.
Подлошките и завртката за сечилото
се специјално дизајнирани за вашата пила, за
оптимална изведба и безбедност при работата.
Предизвикување повратен удар и придружни
предупредувања
— повратен удар е ненадејна реакција на
сечилото на пилата заради негово зафаќање,
заглавување или неправилно порамнување
што предизвикува пилата неконтролирано
да се подигне нагоре и надвор од работниот
материјал кон операторот;
— кога сечилото е зафатено или цврсто заглавено
со затворање на засекот, тоа запира, а
реакцијата на моторот го враќа уредот брзо
наназад кон операторот;
—
ако сечилото се извитка или е погрешно порамнето
во засекот, забите на задниот раб на сечилото
може да се вкопаат во горната површина на дрвото
предизвикувајќи сечилото да се подигне над
засекот и да отскокне назад кон операторот.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки и
услови и може да се избегне со преземање соодветни
мерки на претпазливост, како што е наведено подолу.
1.
Држете го алатот цврсто со двете раце на
пилата и поставете ги рацете, така што
ќе даваат отпор на силата на повратните
удари. Поставете го телото од која било од
страните на сечилото, но не во линија со
сечилото.
Пилата може да отскокне наназад
заради повратниот удар, но операторот
може да ја контролира силата на повратните
удари ако се преземат соодветните мерки на
претпазливост.