104
МАКЕДОНСКИ
1.
За ставање на X-LOCK тркалото, осигурете се
дека двете сопирачки се во отклучената положба.
Во спротивно, притиснете го лостот за отпуштање
од страната А за да се подигне страната B, а потоа
влечете го лостот за отпуштање од страната B
како што е прикажано на сликата. Сопирачките се
поставени во отклучената положба.
►
Сл.15:
1.
Сопирачка
2.
Лост за отпуштање
2. Поставете централна положба на X-LOCK
тркалото врз држачот.
Осигурете се дека X-LOCK тркалото е
паралелно на површината на фланшата и со
точната страна насочена нагоре.
3. Турнете го X-LOCK тркалото врз држачот.
Сопирачките се заклучуваат со кликнување и го
фиксираат X-LOCK тркалото.
►
Сл.16:
1.
X-LOCK тркало
2.
Држач
3.
површина
на фланшата
4.
Сопирачка
4.
Осигурете се дека X-LOCK тркалото е
фиксирано правилно. Површината на X-LOCK
тркалото не треба да е повисока од површината
на држачот како што е прикажано на сликата.
Во спротивно, држачот мора да се исчисти или
X-LOCK тркалото не смее да се користи.
►
Сл.17:
1.
Површина на држачот
2.
Површина на
X-LOCK тркалото
За да го отстраните X-LOCK тркалото, притиснете го
лостот за отпуштање од страната А за да се подигне
страната B, а потоа влечете го лостот за отпуштање
од страната B како што е прикажано на сликата.
X-LOCK тркалото е ослободено и може да се извади.
►
Сл.18:
1.
Лост за отпуштање
Монтирање штитник за тркало за
собирање прав за сечење
Опционален прибор
Со опционалните додатоци, може да го користите
алатов за сечење бетонски материјали.
►
Сл.19
НАПОМЕНА:
За информации како се монтира
штитникот за тркало за собирање прав, погледнете во
прирачникот за штитникот за тркало за собирање прав.
Поврзување вакуумска смукалка
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не смукајте
метални честички што се создаваат при
брусење/сечење/стругање.
Металните честички
што се создаваат од таквата работа се толку
жешки што може да ги запалат правот и филтерот
во внатрешноста на вакуумската правосмукалка.
За да се избегне средина со прав предизвикана од
сечење ѕидарски материјали, користете штитник за
тркало за собирање прав и вакуумска правосмукалка.
Погледнете го прирачникот со упатства прикачен
на штитникот за тркало за собирање прав за негово
склопување и користење.
►
Сл.20:
1.
Штитник за тркало за собирање прав
2.
Црево на вакуумската правосмукалка
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не би
требало да се применува сила врз алатот.
Тежината на алатот нанесува доволно притисок.
Додавањето сила и прекумерен притисок може да
предизвикаат опасно кршење на тркалото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
СЕКОГАШ
заменувајте го тркалото ако алатот ви падне
при брусење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НИКОГАШ не
удирајте го тркалото.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Избегнувајте
отскокнување и заглавување на тркалото,
особено кога работите на агли, остри рабови и
сл.
Така може да изгубите контрола и да дојде до
повратен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ КОРИСТЕТЕ
ГО алатот со сечила за дрворез и други
пили за дрво.
Таквите сечила, кога се користат
со брусилка, често удираат и предизвикуваат
губење контрола, што може да доведе до телесна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не
активирајте го лостот на X-LOCK држачот
за време на работата.
X-LOCK тркалото може
да излезе од алатот и да предизвика сериозни
повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Осигурете се дека
X-LOCK тркалото е фиксирано цврсто.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не вклучувајте
го алатот кога е во контакт со работниот
материјал, во спротивно може да дојде до
повреда на операторот.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете заштитни
очила или маска за заштита на лицето при
работата.
ВНИМАНИЕ:
По работата, секогаш
исклучувајте го алатот и почекајте додека
тркалото не сопре сосема пред да го одложите
алатот.
ВНИМАНИЕ:
СЕКОГАШ држете го алатот
цврсто со едната рака за куќиштето и со
другата на страничниот држач (рачка).
Брусење и шмирглање
►
Сл.21
Вклучете го алатот и потоа, ставете ги тркалото или
дискот во работниот материјал.
По принцип, одржувајте го работ од тркалото
или дискот под агол од околу 15° во однос на
површината на работниот материјал.
За време на првичниот период на користење
ново тркало, не работете со брусилката во насока
нанапред бидејќи ќе засече во работниот материјал.
Штом работ на тркалото ќе се заобли од употребата,
со тркалото може да се работи во двете насоки,
нанапред и наназад.
Summary of Contents for GA040G
Page 2: ...2 2 3 1 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 Fig 4 1 Fig 5 Fig 6 ...
Page 3: ...3 3 2 1 Fig 7 2 B 1 A B Fig 8 2 1 A C C Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 ...
Page 4: ...4 Fig 12 1 Fig 13 1 2 Fig 14 1 2 A B Fig 15 2 4 3 1 Fig 16 1 2 Fig 17 1 A B Fig 18 ...
Page 5: ...5 Fig 19 1 2 Fig 20 15 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 Fig 25 Fig 26 ...
Page 6: ...6 1 Fig 27 1 4 2 3 Fig 28 2 3 1 Fig 29 1 Fig 30 1 1 2 2 Fig 31 Fig 32 ...
Page 7: ...7 1 Fig 33 1 2 Fig 34 1 Fig 35 1 Fig 36 1 1 2 2 Fig 37 1 2 Fig 38 ...
Page 8: ...8 1 Fig 39 2 6 7 4 5 5 2 2 8 10 9 3 1 Fig 40 ...
Page 182: ...182 ...
Page 183: ...183 ...