96
МАКЕДОНСКИ
3.
Не претворајте го овој електричен алат
да работи на начин што не е посебно
дизајниран и наведен од производителот
на алатот.
Таквото претворање може да
резултира со губење контрола и да предизвика
сериозна телесна повреда.
4.
Не користете додатоци што не се посебно
дизајнирани и наведени од производителот
на алатот.
Тоа што додатокот може да се
прикачи на вашиот електричен алат не значи
дека е безбеден за употреба.
5.
Номиналната брзина на додатокот мора
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот.
Додатоците што
се вртат побрзо од номиналната брзина може
да се скршат и да се распрскаат.
6.
Надворешниот пречник и дебелината
на додатокот мора да се во рамките на
нормалниот капацитет на алатот.
Додатоците
со неправилна големина не можат соодветно
да се заштитат или контролираат.
7.
Димензиите на додатоците за монтирање
мора да им одговараат на димензиите
на монтажниот хардвер на електричниот
алат.
Додатоците што не му одговараат на
монтажниот хардвер на алатот ќе работат без
рамнотежа, ќе вибрираат прекумерно и може
да предизвикаат губење на контролата.
8.
Не користете оштетен додаток. Пред секоја
употреба, проверете дали додатоците како
што се абразивните тркала се скршени
или напукнати, потпорните подлоги
се напукнати, изабени или истрошени,
четките имаат откачени или искинати жици.
Доколку електричниот алат или додатокот
се испушти, проверете дали е оштетен или
монтирајте неоштетен додаток. Откако ќе
го проверите и монтирате додатокот, вие
и околните лица застанете подалеку од
рамнината на вртливиот додаток и ракувајте
со алатот при максимална неоптоварена
брзина една минута.
Оштетените додатоци
обично се распаѓаат за време на овој пробен
период.
9.
Носете опрема за лична заштита. Зависно
од примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска за
прашина, ракавици и работна престилка што
може да сопре мали отпадоци од брусење
или стругање.
Заштитата за очи треба да
сопира разлетан отпад што се создава со
различните примени. Маската за прашина или
респираторот мора да имаат способност да ги
филтрираат честичките што се создаваат со
конкретната примена. Подолго изложување
на голема бучава може да предизвика
оштетување на слухот.
10.
Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје. Секој
што влегува во работното подрачје треба
да носи заштитна опрема.
Парчиња од
материјалот што се обработува или од скршен
додаток може да одлетаат и да предизвикаат
повреди надвор од непосредното работно
подрачје.
11.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи каде што
алатот за сечење може да дојде во допир
со скриени жици.
Ако дојде до допир со жица
под напон, струјата може да се пренесе до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
12.
Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре целосно.
Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
надвор од ваша контрола.
13.
Алатот не смее да биде вклучен додека го
пренесувате.
Случаен допир со вртливиот
додаток може да ви ја зафати облеката и да ве
повреди.
14.
Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот.
Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето, а
прекумерното насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
15.
Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали.
Искрите може да предизвикаат пожар.
16.
Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење.
Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар и поврзани предупредувања:
Повратен удар настанува при ненадејно
заглавување или поткачување на тркало, потпорна
подлога, четка или некој друг додаток што се врти.
Заглавувањето или поткачувањето предизвикуваат
нагло запирање на вртливиот додаток што пак
предизвикува неконтролираниот алат да биде
насилно турнат во насока спротивна од насоката на
ротација кај спојот.
На пример, ако абразивно тркало се заглави во
работниот материјал, работ на тркалото што влегува
во точката на заглавувањето може да се зарие во
површината на материјалот, што ќе предизвика
тркалото да излезе или да отскокне. Тркалото може
да отскокне кон операторот или настрана од него,
зависно од насоката на движење на тркалото во
точката на заглавување. Исто така, абразивните
тркала може да се скршат во вакви услови.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
1.
Цврсто држете го електричниот алат со
двете раце и наместете ги телото и рацете
така што ќе може да ги издржат силите од
повратен удар. Секогаш користете помошна
рачка, ако ја има, за максимална контрола
при повратен удар или торзиска реакција
за време на стартувањето.
Операторот може
да ги контролира торзиските реакции и силите
на повратниот удар ако се преземат соодветни
мерки на претпазливост.
2.
Не ставајте ја раката близу до вртливиот
додаток.
Додатокот може да се одбие над раката.
3.
Не поставувајте го телото во подрачјето
каде што алатот ќе се придвижи во случај на
повратен удар.
Повратниот удар ќе го отфрли
алатот во насока спротивна на движењето на
тркалото во точката на заглавување.
Summary of Contents for GA040G
Page 2: ...2 2 3 1 1 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 Fig 4 1 Fig 5 Fig 6 ...
Page 3: ...3 3 2 1 Fig 7 2 B 1 A B Fig 8 2 1 A C C Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 ...
Page 4: ...4 Fig 12 1 Fig 13 1 2 Fig 14 1 2 A B Fig 15 2 4 3 1 Fig 16 1 2 Fig 17 1 A B Fig 18 ...
Page 5: ...5 Fig 19 1 2 Fig 20 15 Fig 21 Fig 22 Fig 23 Fig 24 Fig 25 Fig 26 ...
Page 6: ...6 1 Fig 27 1 4 2 3 Fig 28 2 3 1 Fig 29 1 Fig 30 1 1 2 2 Fig 31 Fig 32 ...
Page 7: ...7 1 Fig 33 1 2 Fig 34 1 Fig 35 1 Fig 36 1 1 2 2 Fig 37 1 2 Fig 38 ...
Page 8: ...8 1 Fig 39 2 6 7 4 5 5 2 2 8 10 9 3 1 Fig 40 ...
Page 182: ...182 ...
Page 183: ...183 ...