![Makita EM4350RH Original Instruction Manual Download Page 166](http://html.mh-extra.com/html/makita/em4350rh/em4350rh_original-instruction-manual_223079166.webp)
166
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ГОРИВО
ПРЕДУПРЕДУВАЊE: ЗАПАЛИВИТЕ МАТЕРИЈАЛИ СЕ
СТРИКТНО ЗАБРАНЕТИ
Временски интервал за чистење и инспекција: Месечно (секои 50 работни
часа)
Глава за всмукување во резервоарот за гориво
Периодично проверувајте го филтерот за гориво (1). За да го проверите
филтерот за гориво, следете ги чекорите подолу:
1. Отстранете го капачето на резервоарот за гориво, испуштете го
горивото за да го испразните резервоарот. Проверете ја внатрешноста
на резервоарот за какви било надворешни материјали. Доколку има,
отстранете ги.
2. Извлечете ја главата за всмукување со употреба на жичана кука низ
отворот на резервоарот.
3. Доколку филтерот за гориво е малку затнат, исчистете го. За да го
исчистите, нежно протресете и потчукнете го во гориво. За да избегнете
оштетување, не притискајте го и не тријте го. Горивото што се користи
за чистење мора да биде фрлено во согласност со методот посочен во
прописите на вашата земја.
Ако филтерот за гориво е стврднат или прилично затнат, заменете го.
4. По проверката, чистењето или замената, вметнете го филтерот за гориво
во цевката за гориво (3) и наместете го со стегата за црево (2). Притиснете
го филтерот за гориво целосно навнатре до дното на резервоарот за
гориво.
Затнатиот или оштетениот филтер за гориво може да доведе до недоволно
снабдување со гориво и да ја намали силата на моторот. Заменувајте
го филтерот за гориво најмалку еднаш на три месеци за да осигурате
задоволителен довод на гориво во карбураторот.
(1)
ЗАМЕНА НА ЦЕВКАТА ЗА ГОРИВО
ВНИМАНИЕ: ЗАПАЛИВИТЕ МАТЕРИЈАЛИ СЕ СТРИКТНО
ЗАБРАНЕТИ
Временски интервал за чистење и инспекција: Секојдневно (секои 10 часа
работа)
Замена: Годишно (секои 200 работни часа)
Заменувајте ја цевката за гориво (1) еднаш годишно без разлика на тоа
колку често се користел алатот. Излевањето на горивото може да доведе
до пожар.
Ако се забележи какво било излевање за време на инспекцијата, веднаш
заменете ја цевката за гориво.
ИНСПЕКЦИЈА НА ЗАВРТКИ И НАВРТКИ
●
Стегнете ги лабавите завртки, навртки и сл.
●
Проверете дали капачето за гориво и капачето за масло се добро стегнати.
Проверете дали има протекување на гориво или масло.
●
Заменете ги оштетените делови со нови за безбедна работа.
ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ
●
Секогаш одржувајте го моторот чист бришејќи го со крпа.
●
Одржувајте ги перките на цилиндарот чисти и без прашина или нечистотија.
Правот или нечистотиите залепени на перките ќе предизвикаат блокирање
на клипот.
(1)
ЗАМЕНА НА ДИХТУНЗИ И ЗАПТИВКИ
Заменете ги дихтунзите и гумиците ако моторот е расклопен.
Каква било работа за одржување или прилагодување што не е вклучена и опишана во ова упатство, мора да се изведува исклучиво од
овластени сервисни агенти.
(1)
(2)
(3)
Summary of Contents for EM4350RH
Page 282: ...282 ...
Page 283: ...283 ...