63 МАКЕДОНСКИ
6.
Внимавајте да нема електрични кабли,
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетени со употребата на алатот.
Метод на работа
1.
Никогаш не работете со машината со
оштетени штитници или без поставени
штитници.
2.
Користете го алатот само во услови на
добра светлина и видливост. За време на
зимата, внимавајте на лизгави или влажни
подлоги, мраз и снег (ризик од лизнување).
Секогаш обезбедете сигурна потпора со
нозете.
3.
Внимавајте да не дојде до повреда на
стапалата и рацете од алатот за сечење.
4.
Држете ги рацете и стапалата подалеку од
средствата за сечење цело време, а особено
кога го вклучувате моторот.
5.
Никогаш не сечете над висина на струкот.
6.
Никогаш не стојте на скала додека работите
со алатот.
7.
Никогаш немојте да работите на нестабилни
површини.
8.
Не пресегајте се. Одржувајте добра
стабилност и рамнотежа со нозете цело
време.
9.
Отстранете ги песокот, камењата, шајките
и другите предмети што се наоѓаат во
рамки на работната област. Надворешните
честички може да го оштетат алатот
за сечење и може да бидат расфрлени
резултирајќи со тешка повреда.
10.
Ако алатот за сечење удри во камења или
други тврди предмети, веднаш исклучете го
моторот и проверете го алатот за сечење.
11.
Пред да започнете со сечење, алатот за
сечење мора да достигне полна работна
брзина.
12.
За време на работата, секогаш држете го
алатот со двете раце. Никогаш не држете го
алатот со една рака за време на неговата
употреба. Секогаш обезбедете сигурна
потпора со нозете.
13.
Целата заштитна опрема, како што се
штитниците испорачани со алатот, мора да
се користи за време на работата.
14.
Освен во итен случај, никогаш не оставајте
го и не испуштајте го алатот на земја бидејќи
тоа може сериозно да го оштети.
15.
Никогаш не влечете го алатот по земјата
кога се преместувате од едно на друго
место, инаку, алатот може да се оштети ако
се движи на ваков начин.
16.
Секогаш вадете ја касетата за батеријата од
алатот:
—
кога го оставате алатот без надзор;
—
пред да пристапите кон деблокирање;
—
пред проверка, чистење или
изведување работи врз алатот;
—
пред извршување какви било
нагодувања, промена на прибор или
складирање;
—
кога алатот почнува да вибрира
невообичаено;
—
кога го транспортирате алатот.
17.
Не форсирајте го алатот. Работата ќе
биде подобро завршена и со помал ризик
од повреда работејќи со темпо за кое е
наменета.
18.
Не работете со електричните алати во
експлозивни атмосфери, на пример, ако
има запаливи течности, гасови или прав.
Електричните алати искрат и можат да ги
запалат правот или испарувањата.
19.
Одморајте се за да спречите губење на
контролата заради замор.
Препорачуваме да
правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути
секој час.
20.
Не користете го алатот на стрмни падини.
21.
Појасот за рамо треба да се користи за
време на работењето, доколку е испорачан
со алатот.
Упатства за одржување
1.
Состојбата на алатот за сечење, заштитните
уреди и појасот за рамо мора да се проверат
пред да се започне со работа.
2.
Исклучете го моторот и извадете ја касетата
за батеријата пред да извршите одржување,
замена на алатот за сечење и чистење на
алатот.
3.
По употребата, откачете ја касетата за
батеријата од алатот и проверете дали е
оштетена.
4.
Проверете дали има лабави шрафови и
оштетени делови, на пример да е надмината
речиси половина од препорачаната состојба
на алатот за сечење.
5.
Кога не се користи, складирајте ја опремата
на суво место што е заклучено и недостапно
за деца.
6.
Користете само делови и додатоци за
замена препорачани од производителот.
7.
Секогаш осигурувајте отворите за
вентилација да се чисти.
8.
Редовно проверувајте го и одржувајте
го алатот, особено пред/по употреба.
Поправките на алатот мора да се вршат
само од страна на наш овластен сервисен
центар.
9.
Рачките нека бидат суви, чисти и без масло
и маснотии.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Summary of Contents for DUR181Z
Page 3: ...1 Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 1 Fig 12 1 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 Fig 15 Fig 16 3 ...
Page 4: ...1 Fig 17 1 Fig 18 1 Fig 19 2 1 Fig 20 3 2 1 Fig 21 1 Fig 22 3 2 1 Fig 23 1 Fig 24 4 ...
Page 5: ...1 Fig 25 1 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 Fig 30 1 Fig 31 5 ...
Page 6: ...1 Fig 32 1 Fig 33 1 Fig 34 1 2 Fig 35 1 Fig 36 1 2 Fig 37 6 ...
Page 7: ... 1 2 Fig 38 7 ...