82 МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА:
Овој алат има вградена функција
за автоматско исклучување. За избегнување
на ненамерното стартување, прекинувачот за
главно напојување автоматски ќе се исклучи кога
прекинувачот за стартување не се повлекува
определено време по вклучување на прекинувачот
за главно напојување.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За ваша безбедност,
овој алат е опремен со рачка за блокирање
која спречува алатот да се вклучи ненамерно.
НИКОГАШ не користете го алатот ако работи
кога едноставно ќе го повлечете прекинувачот
без притискање на рачката за блокирање.
Вратете го алатот во нашиот овластен
сервисен центар за соодветна поправка ПРЕД
натамошна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НИКОГАШ немојте
да ја залепувате или да ја оневозможувате
функцијата на рачката за блокирање.
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
ЗАБЕЛЕШКА:
Немојте силно да го
повлекувате прекинувачот без да ја притиснете
рачката за блокирање. Тоа може да предизвика
дефект на прекинувачот.
За да се спречи случајно повлекување на прекинувачот за
стартување, вградена е рачка за одблокирање. За да го
стартувате алатот, притиснете ја рачката за одблокирање
и повлечете го прекинувачот за стартување. Брзината на
алатот се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот за стартување. Отпуштете го прекинувачот
за стартување за да сопре.
►
Сл.7:
1.
Прекинувач за стартување
2.
Рачка за блокирање
Проверување на затегнатоста на
синџирот
ВНИМАНИЕ:
Држете ја моторната пила
со двете раце кога ја вклучувате. Држете ја
задната рачка со десната рака, предната рачка
со левата рака. Шипката и синџирот не смеат
да се во допир со никаков предмет.
ВНИМАНИЕ:
Ако синџирот на пилата не
сопре веднаш, при правење на тестот, пилата
не смее да се користи под никакви околности.
Побарајте помош од нашиот овластен
сервисен центар.
1.
Притиснете ја рачката за блокирање, а потоа
повлечете го прекинувачот. Синџирот на пилата
веднаш ќе се стартува.
2.
Притискајте го предниот штитник за рака
нанапред со задниот дел од вашата рака. Осигурете
се дека моторната пила веднаш запира.
►
Сл.8:
1.
Преден штитник за рака
2.
Неблокирана
положба
3.
Блокирана положба
Проверување на сопирачката за
намалување
ВНИМАНИЕ:
Доколку синџирот на пилата
не запре во рок од една секунда во овој тест,
престанете да ја користите моторната пила и
побарајте помош од нашиот овластен сервисен
центар.
Вклучете ја моторната пила, а потоа целосно
отпуштете го прекинувачот. Синџирот на пилата
мора да сопре за дел од секунда.
Нагодување на подмачкувањето
на синџирот
Може да ја нагодите стапката на проток на пумпата
за масло со завртката за нагодување. Количината
на маслото може да се нагоди со помош на
универзалниот клуч.
►
Сл.9:
1.
Нагодувачка завртка
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте го синџирот на
пилата со голи раце. Носете ракавици секогаш
кога ракувате со синџирот на пилата.
Монтирање или демонтирање на
синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ:
Синџирот на пилата и
насочувачката шипка сѐ уште се жешки по
работата. Оставете ги доволно да се оладат
пред да продолжите со работење со алатот.
За да го монтирате синџирот на пилата, извршете ги
следниве чекори:
1.
Проверете ја насоката на синџирот. Ознаката
со стрелка на синџирот ја покажува неговата насока.
2.
Ставете го едниот крај од синџирот на пилата
на горниот дел од насочувачката шипка, а другиот
крај околу ѕвездестиот лагер.
►
Сл.10:
1.
Ѕвездест лагер
3.
Поставете ја насочувачката шипка на нејзиното
место на моторната пила.
4.
Поставете ја преградата на ѕвездестиот лагер
на моторната пила, така што чепчето за нагодување
да е поставен во малото дупче на насочувачката
шипка.
►
Сл.11:
1.
Преграда на ѕвездестиот лагер
2.
Насочувачка шипка
3.
Отвор
4.
Чепче
за нагодување
Summary of Contents for DUC405
Page 2: ...Fig 1 2 1 18 3 4 5 6 11 13 15 12 19 7 8 10 17 9 14 16 Fig 2 1 2 3 Fig 3 1 2 Fig 4 2 ...
Page 3: ...1 2 Fig 5 1 Fig 6 2 1 Fig 7 2 3 1 2 3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 Fig 10 3 ...
Page 4: ...1 2 3 4 Fig 11 1 Fig 12 1 2 3 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 Fig 15 1 Fig 16 1 2 Fig 17 Fig 18 4 ...
Page 5: ...Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 22 A B A B Fig 23 Fig 24 2 1 2 45o 1 45o Fig 25 1 2 2 3 3 Fig 26 5 ...
Page 7: ...Fig 35 Fig 36 2 1 Fig 37 1 2 Fig 38 1 2 Fig 39 7 ...
Page 146: ...146 ...
Page 147: ...147 ...