84 МАКЕДОНСКИ
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога се користи првпат
моторната пила, може да требаат две минути
за да почне маслото за синџирот на пилата да
почне да го подмачкува механизмот на пилата.
Вклучете ја пилата без оптоварување сè
додека не се случи тој момент.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога за првпат полните масло
за синџирот или го полните резервоарот откако
тој целосно ќе се испразни, додајте масло до
долниот раб на грлото на полначот. Инаку,
може да има проблеми со протокот на масло.
ЗАБЕЛЕШКА:
Користете го маслото за
синџирот на пилата само за моторните пили
Makita или еквивалентно масло што е достапно
на пазарот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не користете масло
што содржи прав и честички или масло со
опаднат квалитет.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога поткаструвате дрва,
користете ботаничко масло. Минералното
масло може да ги оштети дрвата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред да започнете со сечење,
проверете дали капачето на резервоарот за
масло е добро стегнато.
РАБОТЕЊЕ СО МОТОРНАТА ПИЛА
ВНИМАНИЕ:
Почетниот корисник треба,
како минимална пракса, да сече трупци на
ногари за сечење дрва или на лежиште.
ВНИМАНИЕ:
Кога сечете претходно
сечен дрвен материјал, користете стабилна
подлога (ногари за сечење дрва или лежиште).
Не придржувајте го работниот материјал со
вашето стапало и не дозволувајте никој друг да
го прави тоа.
ВНИМАНИЕ:
Прицврстете ги кружните
парчиња да не вртат.
ВНИМАНИЕ:
Чувајте ги сите делови на
телото подалеку од синџирот на пилата кога
работи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Држете ја моторната пила
цврсто со двете раце кога работи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Не пресегајте предалеку.
Одржувајте добра стабилност и рамнотежа со
нозете цело време.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не фрлајте го или не
испуштајте го алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не покривајте ги отворите за
вентилација на алатот.
Принесете го долниот раб од телото на моторната
пила да дојде во допир со гранката што треба да
се сече пред да ја вклучите пилата. Во спротивно,
насочувачката шипка може да измрда што може да
резултира со повреда на операторот. Пресечете го
дрвото што треба да се сече едноставно движејќи
ја надолу со користење на тежината на моторната
пила.
►
Сл.19
Доколку не може да го пресечете дрвото со еден потег:
Применете благ притисок врз рачката и продолжете со
сечење, малку повлекувајќи ја моторната пила наназад.
Потоа, нанесете го назабениот браник малку пониско и
завршете го сечењето подигнувајќи ја рачката.
►
Сл.20
Сечење трупци
1.
Потпрете го долниот раб од телото на
моторната пила на дрвото што треба да се сече.
►
Сл.21
2.
Додека работи синџирот на пилата, засечете го
дрвото притоа користејќи ја задната рачка за да ја
подигнете пилата, а предната рачка за да ја водите.
Користете го назабениот браник како стожер.
3.
Продолжете го сечењето со мал притисок
на предната рачка, лесно повлекувајќи ја пилата
наназад. Поместете го назабениот браник подолу
на дрвениот материјал и повторно подигнете ја
предната рачка.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога правите повеќе пресеци,
исклучувајте ја моторната пила меѓу
пресеците.
ВНИМАНИЕ:
Ако горниот раб на шипката
се користи за сечење, моторната пила може
да се придвижи кон вас доколку се заглави
синџирот. Заради тоа, сечете со долниот раб за
да се придвижи пилата во обратен правец од
вашето тело.
►
Сл.22
Кога сечете дрво под тензија, прво почнете од
притиснатата страна (А). Потоа последниот пресек
направете го од страната под тензија (B). Така нема
да се заглави шипката.
►
Сл.23
Кастрење
ВНИМАНИЕ:
Кастрењето може да го прават
само обучени лица.
Постои ризик од повратен
удар.
При кастрење, потпрете ја моторната пила на трупот
ако е можно. Не сечете со врвот на шипката, бидејќи
тоа може да биде ризик од повратен удар.
Посветете особено внимание на гранките под тензија.
Не сечете одоздола гранки што не се потпрени.
Не стојте на отсечениот трупец при кастрење.
Длабење и сечење во правец на
структурата на дрвото
ВНИМАНИЕ:
Длабењето и сечењето треба
да го изведуваат само лица што се посебно
обучени за тоа.
Можноста да има повратен удар
претставува ризик од повреда.
Кога сечете во правец на структурата, сечете
под што е можно потап агол. Бидете особено
внимателни при извршување на сечењето, бидејќи
не може да се користи назабениот браник.
►
Сл.24
Summary of Contents for DUC405
Page 2: ...Fig 1 2 1 18 3 4 5 6 11 13 15 12 19 7 8 10 17 9 14 16 Fig 2 1 2 3 Fig 3 1 2 Fig 4 2 ...
Page 3: ...1 2 Fig 5 1 Fig 6 2 1 Fig 7 2 3 1 2 3 1 Fig 8 1 Fig 9 1 Fig 10 3 ...
Page 4: ...1 2 3 4 Fig 11 1 Fig 12 1 2 3 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 Fig 15 1 Fig 16 1 2 Fig 17 Fig 18 4 ...
Page 5: ...Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 22 A B A B Fig 23 Fig 24 2 1 2 45o 1 45o Fig 25 1 2 2 3 3 Fig 26 5 ...
Page 7: ...Fig 35 Fig 36 2 1 Fig 37 1 2 Fig 38 1 2 Fig 39 7 ...
Page 146: ...146 ...
Page 147: ...147 ...