![Makita DOLMAR EV-3213 Original Instruction Manual Download Page 309](http://html.mh-extra.com/html/makita/dolmar-ev-3213/dolmar-ev-3213_original-instruction-manual_228077309.webp)
309
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ
ПРЕД УПОТРЕБА
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО
ЗА УПОТРЕБА ЗА ИДНИ
КОНСУЛТАЦИИ
Не
започнувајте
со
користење на машината пред
да ги прочитате овие упатства
за работа. Почитувајте ги сите
дадени упатства и монтирајте ја
машината како што е опишано.
Намена на машината
•
Оваа машина е наменета
за
скарификација
или
прекопување на градини.
•
Скарификаторот е наменет
само за приватна употреба, а
не за комерцијална употреба.
Не користете го на јавни места.
Општи упатства
•
Прочитајте го ова упатство за
употреба за да се запознаете
со ракувањето на машината.
Ракувањето со машината од
страна на корисници што не
се доволно информирани, го
зголемува ризикот од пожар,
струен удар или телесна
повреда, или телесни повреди
на други лица.
•
Не давајте ја машината на
заем на лица за кои не знаете
дали имаат доволно искуство.
•
Кога ја давате машината на
заем, секогаш приложувајте
го и ова упатство за употреба.
•
Никогаш не допуштајте деца,
лица со намалени физички,
сетилни
или
ментални
способности, или пак со
недоволно искуство и знаење
или лица коишто не се
запознати со овие упатства
да ја употребуваат машината.
Локалните прописи можно е
да ја ограничуваат возраста
на операторот.
•
Работете само кога сте во
добра
физичка
состојба.
Сите работи извршувајте
ги смирено и внимателно.
Корисникот е одговорен за
целокупната безбедност на
лицата, како и за штетите
околу работната област.
•
Никогаш не користете ја
машината по конзумирање
алкохол или дрога, или ако
се чувствувате изморени или
болни.
•
Одмарајте се за да спречите
губење
на
контролата
предизвикано
од
замор.
Препорачуваме да се одмарате
од 10 до 20 минути на секој час.