216
МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
СПЕЦИФИКАЦИИ
Модел:
DMP181
Вкупна
должина
со BL1815N
297 мм
со BL1860B
316 мм
Максимален притисок на воздух
1.100 kPa
Работен циклус
10 минути вклучено/5 минути исклучено
Номинален напон
D.C. 18 V
Нето тежина
2,4 - 2,8 кг
•
Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на
промена без најава.
•
Спецификациите и касетата за батеријата може да се разликуваат од држава до држава.
•
Тежината може да се разликува во зависност од додатоците, вклучувајќи ја и касетата за батерија.
Најлесната и најтешката комбинација, согласно процедурата на ЕПТА 01/2014 (Европската асоцијација
за електрични алати), се прикажани во табелата.
Применлива касета за батерија и полнач
Касета за батерија
BL1815N / BL1820B / BL1830B / BL1840B / BL1850B / BL1860B
Полнач
DC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF /
DC18SH
•
Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот
во кој живеете.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користете ги само касетите за батерии и полначите наведени погоре.
Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или
пожар.
Симболи
Долунаведените ги прикажуваат симболите што
може да се користат кај опремата. Пред употребата,
проверете дали го разбирате нивното значење.
Прочитајте го упатството за користење.
Опасност од распукување.
Ni-MH
Li-ion
Само за земјите на ЕУ
Поради присуство на опасни компоненти
во опремата, отпадната електрична и
електронска опрема, акумулаторите и
батериите може да влијаат негативно
врз животната средина и човековото
здравје.
Не фрлајте ги електричните и
електронските апарати или батериите во
домашниот отпад!
Во согласност со Европската директива
за фрлање електрична и електронска
опрема, акумулатори, батерии и
отпадни акумулатори и батерии, како
и нивната адаптација во државниот
закон, отпадната електрична опрема,
батериите и акумулаторите треба да
се чуваат одделно и да се достават на
посебно место за собирање општински
отпад, во согласност со прописите за
заштита на животната средина.
Ова е означено со симболот на
пречкртана корпа за отпадоци ставен на
опремата.
Наменета употреба
Алаткава е наменета за пумпање гуми, спортски
топки или мали гуми за пловење.