218
МАКЕДОНСКИ
Електрична безбедност
1.
Електричните приклучоци на електричните
алати треба да одговараат на штекерот.
Никогаш и никако не менувајте го
електричниот приклучок. Не користете
електрични приклучоци-адаптери
со заземјени електрични алати.
Немодифицираните електрични приклучоци и
соодветните штекери го намалуваат ризикот од
електричен удар.
2.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини, како на пример, цевки,
радијатори, шпорети и фрижидери.
Постои
зголемен ризик од електричен удар ако вашето
тело е заземјено.
3.
Не изложувајте ги електричните алати на
дожд или на врнежливи услови.
Ако вода
влегува во електричниот алат, тоа го зголемува
ризикот од електричен удар.
4.
Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не
користете го кабелот за носење, влечење
или за исклучување на електричниот алат.
Кабелот држете го настрана од топлина,
масло, остри агли или подвижни делови.
Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат
ризикот од електричен удар.
5.
Кога го користите електричниот алат
на отворено, користете кабел наменет
за отворен простор.
Ако користете кабел
соодветен за отворен простор, се намалува
ризикот од електричен удар.
6.
Ако мора со електричниот алат да работите
во влажен простор, користете заштитен
уред за диференцијална струја (RCD),
заштитена серија.
Ако користите заштитен
уред за диференцијална струја, се намалува
ризикот од електричен удар.
7.
Електричните алати може да создаваат
електромагнетни полиња (ЕМП) што не се
штетни за корисникот.
Сепак, пред да работат
со овој електричен алат, корисниците на
пејсмејкери и други слични медицински уреди
треба да контактираат со производителот на
нивниот уред и/или лекарот за совет.
Лична безбедност
1.
Бидете внимателни, гледајте што правите
и размислувајте разумно кога работите
со електричниот алат. Не користете го
електричниот алат кога сте уморни или
кога сте под дејство на дрога, алкохол или
на лекови.
Момент на невнимание додека
работите со електричниот алат, може да
предизвика сериозна физичка повреда.
2.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш
носете заштита за очите.
Заштитната опрема,
како на пример маска за прав, заштитни чевли
што не се лизгаат, тврда капа или заштита за
слухот, што се користи за соодветни услови, ќе
ги намали физичките повреди.
3.
Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување во извор на електрична
енергија и/или на батерија, пред подигање
или носење на алатот.
Ако електричните
алати ги носите, а прстот ви е на прекинувачот
или тој е вклучен, може да дојде до несреќа.
4.
Отстранете ги клиновите или клучевите
за нагодување пред да го вклучите
електричниот алат.
Ако оставите клин или
клуч во ротирачкиот дел од електричниот алат,
може да дојде до физичка повреда.
5.
Не посегнувајте предалеку. Одржувајте
добра стабилност и рамнотежа со нозете
цело време.
Ова овозможува подобра
контрола на електричниот алат во неочекувани
ситуации.
6.
Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата и облеката држете
ги понастрана од подвижните делови.
Широката облека, накитот или долгата коса
може да се заплеткаат во подвижните делови.
7.
Ако има уреди за поврзување на делови за
извлекување и собирање прав, проверете
дали тие се правилно поврзани и дали се
користат соодветно.
Ако користите уред
за собирање прав, може да ги намалите
опасностите што може да ги предизвика
правот.
8.
Не дозволувајте познавањето стекнато од
честата употреба на алатите да ве направи
безгрижни и да ги игнорирате принципите
за безбедност на алатката.
Невнимателното
дејство за дел од секунда може да предизвика
сериозна повреда.
9.
Секогаш носете заштитни очила за да ги
заштитите очите од повреда кога користите
електрични алати. Очилата мора да се
усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во
Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов
Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така
постои законска обврска за носење штитник
за лице за да си го заштитите лицето.
Работодавачот е одговорен дали
операторите со алатот и другите лица
во непосредната работна околина носат
соодветна безбедносна заштитна опрема.