84
МАКЕДОНСКИ
25.
Работодавачот треба да изврши процена на
ризикот за да се наведат неопходните заштитни
мерки во однос на аеросолите, зависно од
површината што треба да се чисти и нејзината
околина. Респираторни маски од класата FFP 2,
еквивалентни или повисока класа, се соодветни
за заштита од водени аеросоли.
26.
Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување со батеријата, подигање
или носење на уредот.
Носењето на уредот
со прстот на прекинувачот или приклучувањето
на уредот во извор на електрична енергија со
вклучен прекинувач се причина за несреќи.
27.
Извадете ја батеријата од уредот пред
вршење нагодувања, промена на
додатоци или складирање на уредот.
Овие
превентивни безбедносни мерки го намалуваат
ризикот од случајно стартување на уредот.
28.
Не модификувајте ги, ниту обидувајте се
да ги поправате уредот или батеријата,
освен како што е наведено во упатството за
користење и грижа.
29.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од прскање
или повреда – Не насочувајте го млазот
вода кон луѓе.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од страна
на производителот.
Полнач што е соодветен
за еден тип батерија може да создаде ризик од
пожар кога се користи со друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
3.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети, како што
се спојувалки, монети, клучеви, шрафови или
други мали метални предмети што можат да
послужат како врска од еден на друг приклучок.
Краткиот спој на батериските приклучоци може да
доведе до изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте контакт
со неа. Ако дојде до ненамерен контакт,
измијте со вода. Ако течноста дојде во допир
со очите, побарајте дополнителна медицинска
помош.
Течноста што истекла од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
5.
Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани.
Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
6.
Не изложувајте ги батериите или алатот
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
7.
Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството.
Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
Сервисирање
1.
Следете ги упатствата за одржување
назначени во упатството.
2.
За да се осигури безбедност на машината,
користете само оригинални резервни делови од
производителот или делови што тој ги одобрил.
3.
Сервисирајте го апаратот за миење под висок
притисок кај квалификувано лице за поправки,
кое користи само идентични резервни делови.
Така ќе бидете сигурни дека апаратот за миење
под висок притисок и понатаму е безбеден.
4.
Во случај апаратот за миење под висок
притисок да се расипе или да има некој
дефект, веднаш исклучете го и отстранете
ги касетите за батерија. Контактирајте со
локалниот продавач или со сервисен центар.
Дополнителни безбедносни предупредувања
1.
Почитувајте ги барањата на локалната
компанија за водоснабдување.
2.
Не користете го алатот ако постои ризик од
громови.
3.
Кога го користите алатот на каллива земја,
влажна стрмнина или лизгави места,
внимавајте како газите.
4.
Избегнувајте работење во лоша средина
каде што се очекува зголемен замор.
5.
Не заменувајте ја батеријата на дожд.
6.
Не потопувајте го алатот во вирови.
7.
Не оставајте го алатот незаштитен надвор на дожд.
8.
Кога ќе се залепат лисја или нечистотија
на устието на смукалката (прозорецот за
вентилација) поради дожд, отстранете ги.
9.
Не мијте го алатот со вода под висок притисок.
10.
При миењето на алатот, не дозволувајте водата
да навлезе во електричниот механизам, како
што се батеријата, моторот и спојките.
11.
При складирање на алатот, избегнувајте
директна сончева светлина и дожд и
складирајте го на ладно и суво место.
12.
Инспекцијата или одржувањето изведувајте
ги на места засолнати од дожд.
13.
По употребата на алатот, отстранете ја
залепената нечистотија и исушете го алатот
во целост пред да го складирате.
Зависно
од сезоната и областа, постои ризик од дефект
поради замрзнување.
14.
Не влажете ги терминалите на батеријата
со течности како вода и не потопувајте ја
батеријата во вода. Не оставајте ја батеријата
на дожд и немојте да ја полните, користите
или складирате батеријата на влажни места.
Ако се навлажат терминалите или навлезе
течност во батеријата, може да дојде до краток
спој на батеријата и тогаш постои ризик од
прегревање, пожар или експлозија.
15.
Откако ќе ја отстраните батеријата од алатот
или полначот, прикачете го капакот на
батеријата и складирајте го на суво место.
16.
Не заменувајте ја батеријата со влажни
раце.
Дополнителни безбедносни предупредувања
1.
Почитувајте ги барањата на локалната
компанија за водоснабдување.
Summary of Contents for DHW080
Page 2: ...1 2 Fig 1 1 2 3 Fig 2 1 2 Fig 3 1 2 1 Fig 4 1 2 3 1 1 2 2 Fig 5 Fig 6 Fig 7 3 2 1 Fig 8 2 ...
Page 3: ...1 2 3 4 5 6 8 7 Fig 9 1 Fig 10 1 Fig 11 1 Fig 12 1 2 Fig 13 1 2 3 4 Fig 14 3 ...
Page 4: ...4 3 1 2 Fig 15 2 1 3 Fig 16 1 Fig 17 1 2 Fig 18 1 2 Fig 19 1 2 3 Fig 20 4 ...
Page 5: ...1 2 3 Fig 21 1 2 3 Fig 22 2 1 3 Fig 23 1 2 Fig 24 1 Fig 25 1 2 2 Fig 26 1 2 Fig 27 5 ...
Page 6: ...Fig 28 1 2 Fig 29 1 2 3 1 1 2 2 Fig 30 1 Fig 31 Fig 32 Fig 33 Fig 34 1 2 Fig 35 6 ...
Page 8: ...Fig 44 Fig 45 Fig 46 Fig 47 Fig 48 Fig 49 Fig 50 Fig 51 8 ...
Page 9: ...2 3 1 Fig 52 Fig 53 Fig 54 1 2 Fig 55 9 ...
Page 154: ...154 ...
Page 155: ...155 ...