47
МАКЕДОНСКИ
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Бургии за дупчење
•
Бургии за одвртување
•
Бургија од дупчалка обложена со
тунгстен-карбид
•
Издувна пумпа
•
Склоп на гумена подлога
•
Волнено перниче
•
Пенеста подлога за полирање
•
Кука
•
Пластичен куфер за носење
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.