42
МАКЕДОНСКИ
8.
Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
9.
Ако бургијата не може да се олабави дури
и ако сте ги отвориле стегите, користете
клешти за да ја извадите.
Во таков случај,
вадењето на бургијата со рака може да
резултира со повреда од нејзиниот остар раб.
10.
Внимавајте да нема електрични кабли,
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
Безбедносни упатства кога се користат долги
бургии за дупчење
1.
Не работете со брзина поголема од
максималната работна брзина на бургијата
за дупчење.
На поголеми брзини бургијата
веројатно ќе се свитка ако се дозволи да се
врти слободно без допирање на работниот
материјал, што ќе резултира со телесна
повреда.
2.
Секогаш започнете со дупчење на мала
брзина и со врвот на бургијата во допир
со работниот материјал.
На поголеми
брзини бургијата веројатно ќе се свитка ако се
дозволи да се врти слободно без допирање
на работниот материјал, што ќе резултира со
телесна повреда.
3.
Притискајте само во директна линија со
бургијата и не притискајте прекумерно.
Бургиите може да се скршат или да
предизвикаат губење на контролата, што ќе
резултира со телесна повреда.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1.
Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки
за претпазливост на (1) полначот за
батеријата, (2) батеријата и (3) производот
што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја, ниту експериментирајте
со касетата за батеријата.
Тоа може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте и не користете ги алатот
и касетата за батеријата на места каде
што температурата може да достигне или
надминува 50 °C (122 °F).
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Не заковувајте ја, сечете ја, фрлајте ја,
испуштајте ја касетата за батерија, ниту
удирајте ја од тврд предмет касетата за
батеријата.
Таквото однесување може да
резултира со оган, прекумерна топлина или
експлозија.
9.
Не користете оштетена батерија.
10.
Содржаните батерии со литиумови јони
се подложни на условите во Правилата за
опасни предмети.
За комерцијален транспорт на пр. од трети
лица и посредници, мора да се следат
посебните услови на пакувањата или ознаките.
При подготовка на предметот кој треба да се
испрати, консултирајте се со експерт за опасни
материјали. Исто така, следете ги потенцијално
подеталните национални правила.
Залепете ги со леплива лента или маскирајте
ги отворените контакти, а батеријата спакувајте
ја, така што нема да се движи слободно во
пакувањето.
11.
Кога ја фрлате во отпад касетата за
батеријата, извадете ја од алатот и
фрлете ја на безбедно место. Почитувајте
ги локалните законски прописи што
се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
12.
Користете ги батериите само со
производите назначени од Makita.
Монтирањето батерии на неусогласените
производи може да резултира со пожар,
прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролитот.
13.
Доколку алатот не се користи подолг
временски период, батеријата мора да се
извади од алатот.