95
МАКЕДОНСКИ
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
Трепка
Батеријата
можеби е
неисправна.
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, тој автоматски се исклучува без никаква
индикација. Во таква ситуација, исклучете го алатот
и запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Оставете алатот да се излади
пред повторно да го вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде доволен,
алатот автоматски се исклучува. Во овој случај,
извадете ја батеријата од алатот и наполнете ја.
Ослободување на заштитната блокада
Кога системот за заштита работи постојано, алатот
се заклучува.
Во оваа ситуација, алатот не стартува дури ни ако
го исклучувате и вклучувате. За да ја ослободите
заштитната блокада, извадете ја батеријата,
поставете ја на полначот за батерии и почекајте
додека не заврши полнењето.
Блокада на оската
Притиснете ја блокадата на оската за да спречите
вртење на вретеното кога ставате или вадите
додатоци.
►
Сл.3:
1.
Блокада на оската
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте ја блокадата на
оската кога вретеното се движи.
Алатот може да
се оштети.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја монтирате
батеријата во алатот, секогаш проверувајте
дали функционира правилно клизниот
прекинувач и дали се враќа во положбата
„OFF“ кога ќе се притисне задниот дел од
клизниот прекинувач.
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON“ за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот при
подолготрајна употреба. Бидете внимателни
кога го блокирате алатот во положбата „ON“ и
одржувајте стабилен зафат на алатот.
За да го стартувате алатот, лизнете го лизгачкиот
прекинувач кон положбата „I (ON)“ (ВКЛУЧЕНО) со
притискање на неговиот заден дел. За континуирано
работење, притиснете го предниот дел од лизгачкиот
прекинувач за да го блокирате.
За да го исклучите алатот, притиснете го задниот
дел од лизгачкиот прекинувач, потоа лизнете го во
положба „O (OFF)“.
►
Сл.4:
1.
Лизгачки прекинувач
Бирач за нагодување на брзината
Брзината на ротација на алатот може да се нагоди
со вртење на бирачот за нагодување на брзината.
Табелата подолу ги прикажува бројот на бирачот и
соодветната брзина на ротација.
►
Сл.5:
1.
Бирач за нагодување на брзината
Број
Брзина
1
3.000 мин.
-1
2
4.500 мин.
-1
3
6.000 мин.
-1
4
7.500 мин.
-1
5
8.500 мин.
-1
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако со алатот се ракува
континуирано при ниска брзина подолго
време, моторот ќе се прегрее, што може да
резултира со дефект на уредот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја менувате брзината
на бирачот од „5“ на „1“, свртете го бирачот
налево. Не вртете го бирачот надесно со сила.
Функција за спречување случајно
рестартирање
При монтирање на касетата за батерија во алатот со
лизгачкиот прекинувач во положба „I (ON)“, алатот
не се вклучува.
За да го вклучите алатот, прво излизгајте го
страничниот прекинувач кон позицијата „O (OFF)“, а
потоа излизгајте ја кон позицијата „I (ON)“.
Summary of Contents for 0088381722087
Page 2: ...1 2 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 Fig 4 1 Fig 5 Fig 6 1 3 2 Fig 7 2 ...
Page 5: ...1 1 4 4 2 3 Fig 22 1 1 4 4 2 3 Fig 23 1 Fig 24 1 Fig 25 2 1 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 5 ...
Page 6: ...Fig 30 Fig 31 Fig 32 1 Fig 33 1 4 2 3 Fig 34 2 3 1 Fig 35 1 Fig 36 6 ...
Page 7: ...1 1 2 2 Fig 37 Fig 38 1 Fig 39 1 2 Fig 40 1 Fig 41 1 Fig 42 7 ...