90
МАКЕДОНСКИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Јачината на вибрациите при фактичкото користење на алатот може да се
разликува од номиналната вредност(и), зависно од начинот на којшто се користи алатот, особено од
тоа како вид работен материјал се обработува.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Погрижете се да ги утврдите безбедносните мерки за заштита на лицето
кое ракува со алатот врз основа на процена на изложеноста при фактичките услови на употреба
(земајќи ги предвид сите делови на работниот циклус, како периодите кога електричниот алат е
исклучен и кога работи во празен од, не само кога е активен).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Номиналната јачина на вибрациите се користи за главните намени на алатот.
Меѓутоа, ако алатот се користи за други намени, јачината на вибрациите може да биде различна.
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во предупредувањата
се мисли на вашиот електричен алат кој работи на
струја (со кабел) или на батерии (безжично).
Безбедносни предупредувања за
безжична брусилка
Општи безбедносни предупредувања за
брусење, стругање, четкање со жица или
абразивно сечење:
1.
Овој алат е наменет да се користи за
брусење, стругање, четкање со жица или
абразивно сечење. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат.
Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.
2.
Не се препорачува да се врши полирање со овој
алат.
Операциите за кои алатот не е наменет може
да предизвикаат опасност и физички повреди.
3.
Не користете додатоци што не се посебно
одредени и препорачани од производителот
на алатот.
Тоа што додатокот може да се
прикачи на вашиот електричен алат не значи
дека е безбеден за употреба.
4.
Номиналната брзина на додатокот мора да биде
барем еднаква со максималната брзина означена на
алатот.
Додатоците што се вртат побрзо од номиналната
брзина може да се скршат и да се распрскаат.
5.
Надворешниот пречник и дебелината на додатокот
мора да се во рамките на нормалниот капацитет на
алатот.
Додатоците со неправилна големина не можат
соодветно да се заштитат или контролираат.
6.
Монтажните додатоци со навој мора да
соодветствуваат на навојот на вретеното на
брусилката. За додатоци што се монтираат со
фланши, отворот за прицвстување на додатокот мора
да одговара на дијаметарот на фланшата.
Додатоците
што не одговараат на монтираниот хардвер на алатот ќе
работат без рамнотежа, ќе вибрираат прекумерно и може
да предизвикаат губење на контролата.
7.
Не користете оштетени додатоци. Пред секоја
употреба, проверете ги додатоците како што
се абразивните тркала да не се скршени или
напукнати, подлошките да не се напукнати,
изабени или истрошени, четките да нема откачени
или искинати жици. Ако алатот или додатокот
ви падне, проверете дали има оштетувања
или ставете неоштетен додаток. Откако ќе
го проверите и ќе го наместите додатокот,
поставете се себеси и околните лица подалеку
од рамнината на вртливиот додаток и ракувајте
со алатот при максимална неоптоварена брзина
една минута.
Оштетените додатоци обично се
распаѓаат за време на овој пробен период.
8.
Носете опрема за лична заштита. Зависно
од примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска за
прашина, ракавици и работна престилка што
може да сопре мали отпадоци од брусење или
стругање.
Заштитата за очи треба да сопира
разлетан отпад произведен од работата. Маската
за прашина или респираторот треба да можат да
ги филтрираат честичките што ги произведува
вашата работа. Подолга изложеност на голема
бучава може да предизвика оштетување на слухот.
9.
Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје. Секој што
влегува во работното подрачје треба да носи заштитна
опрема.
Парчиња од обработуваниот материјал или од
скршен додаток може да одлетаат и да предизвикаат
повреди надвор од непосредното работно подрачје.
10.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи каде што
алатот за сечење може да дојде во допир
со скриени жици.
Ако дојде до допир со жица
под напон, струјата може да се пренесе до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
Summary of Contents for 0088381722087
Page 2: ...1 2 3 Fig 1 1 2 Fig 2 1 Fig 3 1 Fig 4 1 Fig 5 Fig 6 1 3 2 Fig 7 2 ...
Page 5: ...1 1 4 4 2 3 Fig 22 1 1 4 4 2 3 Fig 23 1 Fig 24 1 Fig 25 2 1 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 5 ...
Page 6: ...Fig 30 Fig 31 Fig 32 1 Fig 33 1 4 2 3 Fig 34 2 3 1 Fig 35 1 Fig 36 6 ...
Page 7: ...1 1 2 2 Fig 37 Fig 38 1 Fig 39 1 2 Fig 40 1 Fig 41 1 Fig 42 7 ...