![Koncar H1A54151BF Instruction Booklet Download Page 55](http://html.mh-extra.com/html/koncar/h1a54151bf/h1a54151bf_instruction-booklet_1992232055.webp)
MK - 54 -
Совети за штедење енергија
1- Инсталирајте го уредот во свежа, добро проветрена соба, но без директа сончева
светлина и подалеку од извори на топлина (радијатор, шпорет, итн.) Во спротивно,
користете плоча за изолација.
2- Дозволете топлите пијалаци и храни да се оладат надвор од уредот.
3- Кога одмрзнувате замрзната храна, поставете ја во фрижидерот. Ниската
температура на замрзнатата храна ќе помогне во ладењето на фрижидерот. Така
штеди енергија. Ако замрзнатата храна ја оставите надвор, губите енергија.
4- При поставување на пијалаци и течна храна, тие треба да бидат покриени.
Во спротивно, ќе се зголеми влажноста во уредот. Поради тоа, се продолжува
работата. Исто така, покривањето го зачувува мирисот и вкусот.
5- При поставување на храна и пијалаци, отворајте ја вратата најкратко можно.
6- Држете ги затворени капаците на одделите со различна температура (фиоки,
ладилник, итн.)
Ако има вода во долниот дел на фрижидерот:
Проверете дали:
Е затната одводната дупка за одмрзната вода (користете го чепчето за да ја исчистите
одводната дупка)
ВАЖНА НАПОМЕНА:
• Доколку фрижидерот нема да го користите подолго време (на пример, летни
одмори), исклучете го. Исчистете го според Дел 4 и оставете ја вратата отворена
за да спречите појава на мувла и мирис.
• Доколку проблемот се’ уште постои и после следењето на погорните инструкции,
советувајте се со најблискиот авторизиран сервис.
• Уредот кој го купивте е наменет само за домашна употреба и може да се користи
само дома и за наведените намени. Не е погоден за комерцијална или општа
употреба. Доколку клиентот го користи уредот на начин кој не е во согласност со
овие карактеристики, нагласуваме дека производителот и продавачот нема да
одговараат за било каква поправка или дефект за време на гаранцијата.