MK - 53 -
Менување на положбата на вратата
• Не е можно да се смени правецот на отворање на вратата од ладилникот ако
рачките на вратите се поставени на надворешната површина на вратата.
• Правецот на отворање на вратата може да се смени само кај модели без рачки.
• Ако правецот на отворање на вратата на ладилникот може да се смени, треба
да контактирате со најблискиот овластен сервис за да го сменат правецот на
отворање.
Доколку фрижидерот не работи правилно, може да е само мал проблем, па затоа
проверете го следново пред да повикате електричар, а со цел да заштедите време и
пари.
Што да се прави ако фрижидерот не работи:
Проверете дали:
• Нема струја
• Главниот осигурувач во вашиот дом е исклучен
• Штекерот не работи. За да го проверите ова, во истиот штекер вклучете друг
апарат за кој знаете дека работи.
Што да правите ако фрижидерот слабо работи:
Проверете дали:
• Не сте го преполниле апаратот
• Вратите се правилно затворени
• Има прав на кондензаторот
• Има доволно место назад и отстрана.
Ако се слуша бука:
Разладниот гас кој циркулира низ колото за ладење може да создава мал шум (звук на
меурчиња) дури и кога компресорот не работи. Не се грижете, тоа е нормално. Доколку
звуците се различни, проверете дали:
• Уредот е добро порамнет
• Нешто допира назад
• Работите врз уредот вибрираат.
За диспензерот за вода:
Ако протокот на вода не е нормален:
Проверете дали:
• Резервоарот е правилно поставен.
• Дихтунзите на резервоарот се ставени.
Доколку се случи капење:
Проверете дали:
• Славината е добро ставена.
• Дихтунзите на славината се ставени.
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИСЕР
ДЕЛ 6.