MK - 52 -
Одмрзнување
Одмрзнување на фрижидерот
• Одмрзнувањето се случува потполно автоматски во текот на работата, одмрзнатата
вода се собира во полицата за испарување и сама испарува.
• Полицата за испарување и дупката за дренажа на водата (на задната страна од
полицата за овошје и зеленчук) треба да се чистат од време на време за да се
спречи водата да се собира на дното на фрижидерот наместо да истекува надвор
Менување на сијличката во фрижидерот
1. Исклучете ја единицата од струја,
2. Извадете го капакот на сијаличката (A) со
притискање на куките, сместени ја двете
страни на капакот.
3. Заменете ја сијаличката (B) со нова (не
повеќе од 15 W).
4. Ставете го капакот и вклучете ја единицата во струја.
Замена на ЛЕД-сијаличката
Ако ладилникот има ЛЕД-сијаличка, контактирајте со центарот за помош бидејќи само
овластен сервисер може да ја смени.
ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ
• Може да ги зачувате оригиналното пакување и пената за повторен транспорт (по
избор).
• Треба да го прицврстите ладилникот со цврсто пакување, ремени или издржливи
јажиња и следете ги упатствата за транспорт дадени на пакувањето на повторен
транспорт.
• Извадете ги подвижните делови (полици,
дополнителна опрема, садови за зеленчук и сл.) или
фиксирајте ги во ладилникот со ленти во текот на
преместувањето и транспортот.
Транспортирајте го ладилникот во исправена позиција.
ДЕЛ 5.