![Koncar H1A54151BF Instruction Booklet Download Page 48](http://html.mh-extra.com/html/koncar/h1a54151bf/h1a54151bf_instruction-booklet_1992232048.webp)
MK - 47 -
• Не го вклучувајте кабелот за струја со мокри раце.
• Шишиња што содржат висок процент на алкохол, мора да се стават
во исправена положба, добро затворени.
• Не ги допирајте деловите за ладење, поготово не со мокри раце,
може да се изгорите или повредите.
• Да не се јаде мразот што сте го извадиле од фрижидерот.
Инсталација и ракување со вашиот фрижидер
Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.
• Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.
• При првото вклучување може да се појави мирис. Ќе исчезне кога уредот ќе почне
да лади.
• Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката
со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.
• Вклучете го приклучокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот
не е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран
електричар да ви помогне.
• Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач. Напојувањето и
напонот на напојната точка мора да соодветствуваат со деталите на плочката на
уредот (таа се најдува на внатрешната лева страна на уредот).
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени
приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено
на директна сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се
остава на дожд.
• Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети, фурни,
радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.
• Ако фрижидерот е веднаш до сандак за длабоко замрзнување, неопходно
е да се остави најмалку 2 см помеѓу нив со цел да се избегне кондензација на
надворешните површини.
• Не оставајте тешки предмети на уредот.
• Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го користите (видете
го делот Чистење и одржување).
• Процедурата за инсталирање во кујнските елементи е дадена во прирачникот
за инсталација. Уредов е наменет за користење единствено во
соодветни кујнски елементи.
• Прилагодливите предни ногалки мора да се постават на соодветна
висина со цел фрижидерот да работи стабилно и правилно. Тоа
можете да го направите со вртење на ногалките во правец на
стрелките (или обратно). Тоа треба да се направи пред да се постави