13
Никогаш не го користете апаратот без
вреќа за прав, филтер за излезен воздух
или филтер за заштита на моторот.
Чувајте го апаратот во суви затворени
простории. Ставете го настрана по
употребата.
При употреба на автоматскиот
намотувач на кабелот, придржувајте го
кабелот со рака.
Исклучете го апаратот пред да ја
приклучувате или менувате цевката за
смукање или додатоците.
Не го користете апаратот за смукање на
прав од тонери или слични материјали.
За да спречите евентуални оштетувања,
при работа на апаратот не ја
приближувајте цевката за смукање или
додатоците до вашата глава.
При подолга употреба извлечете
најмалку 2/3 од приклучниот кабел,
бидејќи со тоа се спречува загревање и
оштетување.
Апаратот одговара на важечките
германски и европски стандарди за
електрична струја, како и на прописите
за пречки на радио сигнали.
Ниво на бучава: Lc<84 dB (A)
ПОСЕБНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш да не ја употребувате
правосмукалката без филтри!
Правосмукалката употребувајте ја само за
домашна употреба и во внатрешни
простории!
Приклучување во струја
Проверете дали податоците за напонот,
наведени на табелата, одговараат на
податоците од вашата домашна електрична
мрежа.
Приклучен кабел
Ако приклучниот кабел е оштетен, треба да
се замени со соодветен кабел, што може да
го најдете во најблискиот сервис на Горење.
Податоци за усогласеност
со европските стандарди
Тестирањето на овој апарат потврди дека
одговара на следните европски директиви
73/23/EEC Низок напон
93/68/EEC Ознака CE
89/336/EEC Директива за
електромагнетна усогласеност– EMC
Овој апарат е означен според европскиот
пропис 2002/96/ЕЗ за електро и
електронски апарати (waste electrical and
electronic equipment - WEEE).
Прописот ја дава рамката за враќање и
искористување на старите апарати,
важечко ширум Европа.
Апаратот и животната
средина
Ако некогаш одлучите да го замените
апаратот, т.е. дека повеќе не ви е потребен,
помислете притоа и на заштитата на
животната средина.
Составување на
правосмукалката
Пред местење или вадење на
продолжетоците, секогаш исклучете го
приклучниот кабел од електричната мрежа.
Пред да го вклучите апаратот, проверете
дали сите филтри се правилно наместени.
МЕСТЕЊЕ НА ПРЕВИТКАНА
ЦЕВКА ЗА СМУКАЊЕ
Свитканата цевка ставете ја во влезниот
отвор за воздух и притиснете додека не
се вклопи во правилна положба.
ВАДЕЊЕ НА ЦЕВКАТА
Цевката за смукање извадете ја со
притискање на копчето на крајот од
свитканата цевка за смукање и
извлекување од лежиштето.
ОДМОТУВАЊЕ И НАМОТУВАЊЕ
НА ПРИКЛУЧНИОТ КАБЕЛ
Пред употреба на апаратот одвиткајте
доволна должина на приклучен кабел за
непречена работа. Сега приклучете го
апаратот на изворот на напојување.
Приклучниот кабел са намотува назад со
притисок на копчето за автоматско
намотување. Придржувајте го кабелот со
рака, за да спречите заплеткување и
оштетување.