33
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за употреба за
моторот и батеријата (ако е предвидено).
ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде опремена со
некои веќе монтирани компоненти.
За поставување на дефлекторот (1), наместете ја
пружинката (2) со вртење на терминалите нагоре. Стегнете
го дефлекторот (1) со помош на трите приложени завртки (3).
Завртете го долниот дел од претходно скопениот
ракофат (1) во работна положба и прицврстете го со долните
стеги (2) и завртки (3) кои се приложени во комплетот.
Внимавајте центрирачките подметки (4) да бидат правилно
наместени, и потоа стегнее ги навртките (5). Монтирајте го
горниот дел (6) со приложените навртки и завртки (7),
внимавајќи на правилна позиција на спиралата (8) на кабелот
за стартување. Каблите на командите фиксирајте ги на
ракофатот со стегите (9).
Составете ја командната табла (1) следејќи ги
прикажаните чекори.
За цврст магацин за трева:
Спојте ги двата
странични делови (1) и (2) на магацинот, а потоа поставете го
горниот дел (3) со точно склопување на сите надворешни
профили.
За магацин за трева од пластика и платно:
Вметнете ја рамката (11) во вреќата (12) и прицврстете ги
пластичните шипки (13) со помош на одвртка, како што е
прикажано на цртежот. Со превртен однопаку пластичен дел
(14), поставете го работ на платното (15) во жлебот на
пластичниот дел (14), почнувајќи 5-7 милиметри од крајот.
Кај моделите со електро-стартер поврзете го кабелот
од акумулаторот на главниот кабел.
Контролата на гасот (каде што ја има) е со контролен
лост (1) поставен како што е прикажано на соодветна
плочка.
Некои модели имаат фиксна брзина, па според тоа не им е
потребен гас (2).
Кочницата на ножот се контролира со лостот (1), и
треба да се притисне кон ракофатот при стартување и
користење на тревокосачката. Кога лостот ќе го отпуштите,
моторот запира.
Кај моделите со спојка на погонот, притиснете го
лостот (1) кон ракофатот за движење нанапред.
Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе го
отпуштите лостот.
Височината на косење се реулира со употреба на
лостовите (1). Четирите тркала мораат да бидат на еднаква
височина. ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА
НОЖОТ МИРУВА.
Подигнете го дефлекторот и соодветно прицврстете
го магацинот за трева (1) како што е прикажано на сликата.
За палење на моторот, следете ги упатствата од
прирачникот на моторот и потоа повлечете го лостот на
кочницата на ножот (1) и притиснете го кон водилката, а
потоа остро повлечете го кабелот за палење (2). Кај
3.2
3.1
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
2.4
2.3
2.2
2.1
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
1.5
1.4b
1.4a
1.3
1.2
1.1
1. ЗАВРШНА МОНТАЖА
MK
моделите со електро-стартер завртете го клучот на
стартерот (3).
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се
коси на иста височина и со наизменично менување на
правецот на косење.
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете ја рачката
на кочницата (1) и исклучете го кабелот од свеќичката (2).
Извадете го клучот (3) од стартерот (на моделите кои го
имаат).
Пред да започнете со било какви работи на косачката
ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ.
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за
да се сочуваат степенот на сигурност и оригиналноста на
тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое
чистење, чување или регулирање на тревокосачката.
2) Внимателно мијте ја тревокосачката со вода по секое
сечење: отстранете ги остатоците од кал и тревки
наталожени во внатрешноста на шасијата за да избегнете
исушување на истите кои можат да предизвикаат
потешкотии во наредното користење.
3) Глазурата во внатрешноста на шасијата може да се одвои
со тек на време поради абразивни дејствија на исечената
трева; во тој случај, интервенирајте на време поправајќи
ја глазурата со средство против рѓосување, за да
спречите создавање на рѓа која може да доведе до
корозија на металот.
4) Во случај да треба да се пристапи до долната страна,
наведнете ја тревокосачката само на страната наведена
во прирачникот за моторот, следејќи ги наведените
инструкции.
5) Да се одбегнува истурање на бензин врз пластичните
делови од моторот или на машината, за да се одбегне
нивно оштетување и веднаш да се исчисти секаква трага
од евентуално истурениот бензин. Гаранцијата не ги
покрива штетите на пластичните делови, предизвикани
од бензин.
Секаква операција врз ножот треба да биде
извршена во специјализиран центар.
Забелешка за специјализираниот центар:
Склопете го
ножот (2) следејќи ја секвенцата наведена на сликата и
стегнете ја централната навртка (1) со динамометричен клуч,
подесен а 35 - 40 Nm.
Кај моделите на погон:
• правилната затегнатост на ременот се добива за половина
од навртката (1) се’ додека не се постигне посочената
мерка (6мм).
• регистарот (2) треба да се регулира на начин што
острицата (3) делумно ќе биде олабавена кога менувачот
(4) ќе биде во мирување.
За да го наполните испразнетиот акумулатор,
приклучете го на полнач (1) следејќи ги упатствата од
прирачникот на акумулаторот.
Не поврзувајте го полнењето на батеријата директно за
клемите на моторот. Не е можно да се вклучи моторот со
помош на полнењето на батеријата како извор на
напојување бидејќи оваа постапка може да предизвика
големи оштетувања.
Ако косачката нема да се употребува подолг период, тогаш
осигурете се дека акумулаторот е полн, и исклучете ги
каблите од него.
Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се
двоумите да контактирате со најблискиот Сервисен Центар
или Продажен пункт.
4.3
4.2
4.1
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
3.4
3.3
Summary of Contents for ML 484 TR/TR-E
Page 15: ...13 ...