127
MK
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКА ПОЗИЦИЈА (9 -18 КГ)
1. За да го ставите седиштето во лежечка позиција, притиснете го копчето
за приспособување на позиција
(r)
.
2. За да го вратите седиштето од лежечка во седечка позиција, притиснете
го повторно копчето за приспособување на позиција
(r)
и водете го
седиштето нагоре и притискајте благо врз перничето
(e)
.
💡
Лежечката позиција е достапна само за групата 1 (9-18 кг).
ПРЕФРЛАЊЕ ОД ГРУПА 1 НА ГРУПА 2/3
1. Отстранете го заштитникот
(f)
штом детето достигне тежина од 18 кг.
💡
Префрлањето од група 1 на група 2/3 не е дозволено ако детето тежи
помалку од 15 кг. Чувајте го заштитникот на безбедно и сигурно место.
2. Притиснете ги двете копчиња за ослободување на основата
(t)
што се
наоѓаат во долниот дел на перничето
(e)
и влечете го од основата
(s)
сè
додека не почувствувате отпор.
3. Притиснете го копчето за приспособување на позиција
(r)
и повлечете
го целосно седиштето од основата
(s)
.
4. Движете ја рачката за приспособување на ISOFIX-Connect
(l)
и
извлечете ги двете рачки за заклучување ISOFIX-Connect
(k)
.
5. Продолжете да ја држите рачката за приспособување на ISOFIX-
Connect
(l)
, отпуштете ги едноподруго двете спојки
(u)
што се наоѓаат
во долниот дел на перничето
(e)
и повлечете ги рачките за заклучување
ISOFIX-Connect
(k)
од основата. Ако треба, употребете шрафцигер.
6. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX-Connect
(k)
во соодветните
отвори во долниот дел на перничето
(e)
сè додека не почувствувате
отпор.
7. Притискајте го копчето за приспособување на позиција
(r)
во долниот
дел и туркајте ги рачките за заклучување ISOFIX-Connect
(k)
што е
можно подалеку.
💡
Ќе забележите минимален пад во висината на рачките за заклучување
ISOFIX-Connect.
💡
Бидете сигурни дека рачките за заклучување (k) се монтирани
правилно и дека запците на рачките за заклучување се дигнати.
💡
Кога го склопувате повторно седиштето, направете го тоа по обратен
редослед. Користете ги упатствата за да проверите претходно дали ги
имате сите делови.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО БЕЗ ЗАШТИТНИК - ГРУПА 2/3 (15-36 КГ)
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го
јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да
го слушнете карактеристичниот звук.
2. Поставете го скутниот каиш во црвените водилки на скутен каиш
(h)
на
седиштето за автомобил.
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до
закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат
заедно во водилката на скутниот каиш
(h).
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каишот за рамо
(i)
сè
додека не влезе во водилката на каишот.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска
на детето и дека не го допира вратот на детето. Ако е потребно,
приспособете ја висината на наслонот за глава
(c)
за да ја измените
позицијата на каишот.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА
НА СЕДИШТЕ
Навлаката на детското седиште се состои од 5 дела (странични држачи на
наслонот за глава, наслон за глава, наслон за грб, перниче и заштитник).
Тие се прицврстени заедно на неколку места со дрикер-копчиња.
Штом ќе ги откопчате сите дрикер-копчиња, ќе може да ги отстраните
поединечните делови на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето за автомобил,
следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед.
💡
Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на
програма за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави
бледнеење на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката
одделно од друга облека и не сушете ја во машина за сушење алишта
или на директна сончева светлина!