MK - 6
или со врвки и врски и слични додатоци
што висат или се долги и би можеле да се
закачат за косилката или за предмети и
материјали кои се производ на работата.
•
Ако имате долга коса, фатете ја.
Простор за работа / Косилка
Проверете ја темелно целата површина
за работа и отстранете сè што би можело
да биде исфрлено од косилката или да ги
оштети сечилата/ротирачките единици
(камења, гранки, железни жици, коски, итн.).
3.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Работна површина
•
Не ја користете косилката во ризични
амбиенти во присуство на лесно
запаливи гасови и прашина. Електричен
контакт или механичко триење
можат да предизвикаат палење на
прашината или на издувната пареа.
•
Работете само на дневна светлина
или при добро вештачко осветлување
и при услови на добра видливост.
•
Оддалечете ги лицата децата и животните
од работниот простор. Не може да се чуваат
деца додека се користи на косилката, тие
треба да бидат чувани од друго лице.
•
Избегнувајте да работите на влажна трева,
кога врне и кога има ризик од временска
непогода, а особено грмотевици.
•
Обрнете особено внимание на
нерамнините на теренот (наклони,
вдлабнатини), закосувањата, скриените
опасности и пречките коишто можат
да ја ограничат видливоста.
•
Обрнете особено внимание во близина на
стрмнини, дупки или препреки. Косилката
може да се преврти ако едното тркало
поминува преку раб или ако работ е закосен.
•
Особено внимавајте на закосена површина,
за да не дојде до превртување на
косилката, или губење контрола. Главните
причини за губење на контрола се:
•
Недоволно прилепување на тркалата.
•
Прекумерна брзина.
•
Нагли промени на правецот.
•
Несоодветно сопирање.
•
Несоодветна употреба на косилката.
•
Недоволно познавање на
условите на теренот.
•
Употреба на косилката за влечење.
•
Внимавајте на сообраќајот кога косилката
се користи во близина на пат.
НАПОМЕНА
Машините наведени во овој прирачник не се
наменети за употреба како влечни возила.
Однесувања
•
Додека управувате со косилката,
бидете сконцентрирани.
•
Обрнете внимание кога одите во
рикверц. Погледнете зад вас пред и при
движење наназад за да обезбедите
дека нема никакви пречки.
•
Обрнете особено внимание кога
користите додатоци што може да ја
променат стабилноста на косилката,
особено на стрмни површини.
•
Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку
од сечилото, особено при стартување на
моторот и додека работите со косилката.
•
Држете ги рацете и нозете подалеку
од потпората на седиштето.
Постои ризик од скршеници.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
сечилата продолжуваат да се вртат уште
неколку секунди откако ќе се исклучи
или откако ќе го изгаснете моторот
.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Внимавајте на склопот на сечила со
повеќе ножеви, бидејќи ротирањето
на едно сечило може да предизвика
ротација и на другите ножеви.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Во случај на дефект или инциденти во текот
на работата, веднаш исклучете го моторот
и оддалечете ја косилката внимавајќи да не
предизвикате други оштетувања Во случај на
инцидент со лична повреда или повреда на
трето лице, пристапете веднаш кон постапката
за давање најсоодветна прва помош за
дадената состојба и обратете се во соодветен
центар за здравствена заштита за неопходно
лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци
од косењето што може да предизвикаат
дефект или повреди на лица или животни
ако останат незабележано во косилката.
Ограничувања на употребата
•
Никогаш не користете ја косилката со
оштетена заштита, ако недостасува или
ако не е правилно поставена (корпа за
трева, штитник за задно исфрлање)
•
Не користете ја косилката ако
дополнителната/помошната опрема
не се поставени на дадените точки.
•
Не исклучувајте, дезактивирајте,
вадете ги манометарот и безбедносните
системи/микропрекинувачи.
•
Не изложувајте ја косилката на непотребни
сили и не користете несоодветна косилка за
Summary of Contents for R72 Li 48 V1
Page 5: ...C B A D E F G B A G C D E F B C C A E E F D G F II II I II 3 4 5 ...
Page 7: ...A B C B D E B F A D E C B C F 8 9 ...
Page 8: ...1 3 A B A A A 10 14 12 13 11 15 ...
Page 9: ...A A B D C B A E TEST BEFO RE USE TEST RESET A B 16 18 19 17 20 21 ...
Page 10: ...C A B C A A B C 180 mm 130 mm 22 23 25 26 24 ...
Page 11: ...A A B C A B C A A D B C A B 27 28 29 30 31 ...
Page 12: ...A B C B A A A B A B 34 36 37 35 32 33 ...
Page 867: ...ST S p A Via del Lavoro 6 31033 Castelfranco Veneto TV ITALY dB LWA Type s n Art N ...