30
Македонски
Нашите производи се направени да ги
исполнат највисоките стандарди за квалитет,
функционалност и дизајн. Се надеваме дека
во целост ќе уживате во вашиот Braun Silk·épil
7 SkinSpa.
Внимателно прочитајте го упатството за
употреба пред користење на апаратот и
задржете го за идна употреба.
Braun Silk·épil 7 SkinSpa нуди целосен систем
за убава кожа:
•
Главата за епилација (2) и најкусите влакна
(0,5 мм) ги отстранува од корен.
•
Четката за ексфолијација (10а) видливо го
подобрува изгледот на вашата кожа така што
ја отстранува сувата кожа со нежни микро
вибрации.
•
Главата за бричење (11) е направена за брзо
и темелно бричење на областа под пазувите
и препоните.
Апаратот може да се користи на суви и влажни
површини, освен главата за бричење која
треба да се користи само на сува кожа.
Важно
•
Апаратот треба да се користи индивидуално
поради хигиенски причини.
•
Овој апарат се продава заедно со
специјален комплет со кабли со вградено
безбедносно напојување со многу низок
напон. Не заменувајте ги и не ракувајте со
неговите составни делови. Во спротивно
постои ризик од струен удар.
•
Апаратот може да се користи и во
када или под туш. Од безбедносни
причини, може да се користи само
без кабел.
•
Деца до 8 години и лица со намалени
физички, сетилни или психички способности
или лица кои немаат доволно искуство или
знаење, може да го користат апаратот само
под надзор и ако им се објасни како безбедно
да го користат и им еобјаснета потенцијалната
опасност. Не е дозволено деца да играат со
апаратот. Не е дозволено деца да го чистат
или одржуваат апаратот без надзор.
•
Кога е вклучен, апаратот не смее да дојде
во допир со коса, трепки, ткаенина, итн. за
да се спречи опасност од повреди како и
блокирање или оштетување на апаратот.
Опис
1
Високофреквентен систем за масажа
2
Глава за епилација
3 Паметна
светилка
4
Прекинувач со копчиња (4a)
5
Светилка за полнење
6
Копче за ослободување
7
Специјален комплет со кабли
8
Капаче за чувствителни области
9
Капаче за лице
10 Адаптер за четка
10a Четка за ексфолијација
10b Заштитен капак
11 Глава за бричење
a Капаче за потстрижување
b Фолија за бричење
c
Потстрижувач
d Копчиња за ослободување
e Избирач за потстрижување/бричење
f Блокирач на сечило
g Основа за глава за бричење
12 Четка за чистење
Полнење
•
Пред употреба, наполнете го апаратот.
За најдобри резултати, Ви препорачуваме
секогаш да го користите апаратот целосно
наполнет. Со употреба на специјалниот ком-
плет со кабли вклучете го апаратот со изгасен
мотор во струја. Времето на полнење е околу
еден час.
•
Светилката за полнење (5) свети зелено (+)
за да покаже дека апаратот е наполнет. Кога
батеријата целосно ќе се наполни, зелената
светилка за полнење свети постојано. Кога е
целосно наполнет, користете го апаратот
без кабелот.
•
Кога светилката за полнење свети црвено
(–) покажува дека е време апаратот пов-
торно да се наполни. Вклучете го во струја
со специјалниот комплет со кабли.
•
Целосно наполнет апарат може да се користи
до 40 минути без кабел.
•
Употребата на влажни површини може да го
намали времето на употреба.
Ви препорачуваме повторно полнење на
апаратот по секоја употреба.
•
Најдобрата температура за полнење,
употреба и чување на апаратот е меѓу 15 °C
и 35 °C. Доколку температурата е многу
пониска или повисока од наведената,
полнењето може да трае подолго и може да
се намали времето за употреба без кабел.
Заштита од прегревање
За да се спречи прегревање на апаратот, што е
малку веројатно, може да се случи светилката
за полнење (5) да свети црвено осум секунди
а потоа апаратот автоматски да се исклучи.
Во тој случај, вратете го прекинувачот во
позицијата «0» (исклучено) и почекајте да се
излади апаратот.
Користење на апаратот
Со притискање на копчето за заклучување
(4a) вклучете го прекинувачот (4) во насока на
стрелките на часовникот. Може да изберете ја
брзината «I» или «II».
Summary of Contents for Silk-epil 7 7951 Spa
Page 2: ...Type 5377 www braun com 7 Silk pil SkinSpa 7951 Spa...
Page 31: ...31 3 6 I 0 5 5 0 5 2 1 8 9 A I II B C D 8 2 I 0 5 5 E 9 2 I F 1 12 1 6...
Page 38: ...38 BRAUN BRAUN BRAUN BRAUN BRAUN 2300 1 7 02 1992 BRAUN BRAUN BRAUN BRAUN 8 800 200 20 20...
Page 43: ...43 i i aun r un i i i i i i i i i i i i i i 0 800 505 000 www service braun com...
Page 44: ...44...
Page 45: ...45...
Page 46: ...46...
Page 47: ...47...
Page 48: ...48...
Page 49: ...49...