
182
| Македонски
1 609 92A 3LG | (24.3.17)
Bosch Power Tools
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за
да може безбедно и без опасност да работите со овој мерен
уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно прило-
жените инструкции, може да се наруши функцијата на вгра-
дените заштитни механизми во мерниот уред. Не ја оштету-
вајте ознаката за предупредување на мерниот уред. ДОБРО
ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО
МЕРНИОТ УРЕД.
Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување
освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до
опасна изложеност на зрачење.
Мерниот уред се испорачува со натпис за предупредување (означено на
приказот на мерниот уред на графичката страна со број 7).
Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на вашиот јазик,
врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или животни и не
погледнувајте директно во него или неговата рефлексија.
Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или
да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите
и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Не ги користете ласерските очила како заштитни очила.
Ласерските очила
служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од
ласерското зрачење.
OBJ_BUCH-3036-001.book Page 182 Friday, March 24, 2017 9:58 AM